Решена најголемата мистерија за гробницата на египетски крал

Благодарение на рестарвацијата, меѓународен тим на конзерватори велат дека успеале да ја разрешат една од најголемите мистерии за древната гробница на египетскиот крал Тутанкамон.

Тимот работел на гробницата стара 3000 години, повеќе од 10 години. На крајот успеале да ѝ го вратат нејзиниот стар сјај. Рестаурирани се цртежите на ѕидовите, подигнати се бариерите, а поставен е и вентилационен систем.

Една од работите на кои најмногу обрнале внимание се мистериозните кафеави флеки, кои се наоѓаат насекаде по ѕидовите каде била сместена Тутанкамоновата мумија.

Неговото мумифицирано тело во 1922 година, го открил британскиот археолог Хаур Картер. Се сомневалe дека кафеавите точки биле габички, но подоцна научниците утврдиле дека се работи за микроби кои одамна изумреле.

Тие престанале да се шират, откако Картер ја отворил гробницата пред речиси 100 години. Научниците не можеле да ги отстранат, затоа што на тој начин ќе се уништеле работите на ѕидовите.

Се верувало дека фелките настанале кога посетителите по отварањето на гробницата со нив ги донеле и бактериите и прашината.


Тутанкамоновата гробница отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста, а за неа се појавиле голем број мистерии. Своевремено постоело и сомнеж дека секој кој ќе влезел во неа, ќе умре. Тоа ги покренало приказните за кетлвите. Тутанкамон починал околу 1322 година пред новата ера, на своја 18 годишна возраст.

Сеуште не се знае како точно умрел. Едни велат дека е убиен, додека други сметаат дека е во прашање случајна или природна смрт.

Текстот Решена најголемата мистерија за гробницата на египетски крал е превземен од Reporter.mk.