Родителите намерно го оставиле Кевин сам дома, тврдат теоретичарите на заговор

Глумецот Меколи Калкин, кој пред 29 години го играше детето Кевин во божиќниот филм „Сам дома“, стана жртва на теории на заговор на разни интернет форуми. Така на пример, корисниците на „Редит“, ја покренале разни теми и заклучиле дека семејството на Кевин во филмот, намерно го оставиле сам дома и дека тоа може да се забележи во неколку суптилни реакции.

„Неговото семејство неколку пати го проверуваше списокот додека ги делеле картите, а името на Кевин го немало на списокот“, тврди еден од членовите на форумот.

Некои од теоретичарите одат дотаму што започнале расправа за тоа дека таткото на Кевин можеби намерно ги испратил двајцата арамии, да го ограбат неговиот дом, додека неговиот син бил сам дома.

Минаа речиси три децении откако е снимен филмот „Сам дома“, неизоставен дел од бадниковата вечер. Главната ѕвезда Меколи Калкин, имал само 10 години кога филмот првпат излезе, а во него глумецот го играше осумгодишниот Кевин Мекалистер, кој по чиста случајност останува сам дома, додека неговото семејство заминува на зимски одмор.

Затоа што семејството е големо и има голем број членови, родителите ќе го заборават додека се подготвуваат за пат. Кевин брзо потоа ќе остане сам дома и ќе стане мета на двајца арамии кои ќе сакаат да ја ограбат неговата куќа. Тој ќе направи сè, за да ги спречи во тоа.

 

 

Текстот Родителите намерно го оставиле Кевин сам дома, тврдат теоретичарите на заговор е превземен од Reporter.mk.