Ротшилд обвинет за вмешаност во скандал со перење на пари

Швајцарскиот финансиски регулатор ја обвини банката „Rothschild Bank AG“ и нејзината малезиска филијала, 1MDB, за кршење на законот за спречување на перење на пари.

Според регулаторот, банката на Ротшилд, „Rothschild Bank AG“ и „Rothschild Trust AG“ не успеале да докажат од каде доаѓа имотот на клиентите.

Компаниите, како што пренесуваат медиумите, ги занемариле знаците дека средствата би можеле да бидат поврзани со перење на пари и сеедно ги земале истите. Компаниите блиски до семејството Ротшилд исто така се обвинети поради тоа што предоцна известиле за ваквиот проблем.

„Поконкретно, овие компании биле несогласни со барањата за известување и документација“, се наведува во соопштението на Финансискиот регулатор на финансискиот пазар (FINMA).

„FINMA, ќе именува ревизорски агенти за да ги прегледа подобрувањата кои институциите веќе ги воспоставиле. Постојано ги засилуваме нашите системи и постапки и одлучивме да продолжиме тоа да го правиме, така што ќе го препознаеме и сузбиеме целиот софистициран финансиски криминал, со кој се соочува индустријата“, изјавил портпаролот на „FINMA“.

Истрагата за наводните незаконски постапки на малезиската подружница „1Malaysia Development Berhad“ е покрената уште во 2011 година.

Менаџерите на институцијата се сомничат дека проневериле средства наменети за државни проекти и економски развој. ФБИ се приклучил во истрагата пред три години со истражители во Хонг Конг, Сингапур, Луксембург, вклучувајќи ги тука и Обединетите Арапски Емирати и Австралија.

Овој скандал довел и до апсење на малезискиот премиер Наџиб Разак претходно оваа година. Тој бил обвинет за наводна повреда и злоупотреба на средставата.

 

Текстот Ротшилд обвинет за вмешаност во скандал со перење на пари е превземен од Reporter.mk.