Руските медиуми успеаа да дојдат до снимки направени во 1961 година, кога била испратена првата жена Русинка во вселената. До ден денес останува мистерија што се случило на 16 мај таа година со жената чиј идентитет до ден денес не е познат во јавноста.
Несреќата настанала во период кога САД и СССР воделе трка во освојувањето на вселената. За време на мисијата руската ракета направила 17 кругови околу Земјата. Лансирањето минало добро, но кога леталото требало да влезе во атмосферата, нешто тргнало во погрешна насока.
Никој досега никогаш не открил што точно се случило. На снимките се слуша гласот на Русинката која се обидува да стапи во конткат со контролата на летот на Земјата, но не добила никаков одговор.
„Слушајте, слушајте! Зборувајте со мене! Овде е жешко, жешко ми е!“, говорела жената.
Во еден момент таа прашува дали е тоа опасно, но, не добила одговор.
„Многу е жешко, 32, 41…! Гледам пламен, да голем пламен! Ќе се срушам! Жешко е!“, викала жената астронаут.
Во тој момент снимката се прекинува и на неа не се слуша повеќе ништо. Се чини дека повраток од информација таа не добила. Астронаутот изгорел заедно со ракетата. Три дена подоцна, на 26 мај 1961 година, Советите објавиле дека вселенското летало се вратило на Земјата.
Се верувал дека ракетата целосно изгорела, а телото на жената никогаш не било пронајдено. За тоа никогаш не се зборувало. До денес руската влада негира дека такво нешто некогаш се случило.
Првенствено сите се сеќаваат на успешната мисија на Нил Армстронг и човекот кој прв зачекори по Месечината на 21 јули 1969 година. Претходно Русија на 12 април 1961 година успешно го испратила во орбитата првиот човек, Јуриј Гагарин, а набрзо потоа стигнал одговор и од САД, кога го испратиле Алан Шепард.
Натпреварувањето почнало, а Русија била подготвена за уште еден лет. Овој пат се одлучиле да го срушат рекордот на Гагарин и да испратат во вселената жена. Се зборува дека Русите ги чуваат снимките од бројните изгубени астрономи кои се случиле во текот на годините, но тие тоа го негираат.
Во приказната која била затскриена, стои дека Советскиот Сојуз имал намера да ја испрати првата жена во вселената со желба да го испратат својот прв космонаут во подлабоките неистражени места во Универзумот. Од друга страна во тој период Американците имале направено само неколку лета околу земјината орбита.
Текстот Русинка исчезнала во вселената, Руската вселенска агенција крие тајна 58 години е превземен од Reporter.mk.