Жителите на Хабаровскиот крај во Русија велат дека пред неколку дена биле сведоци на силен удар на голем метеор, кој паднал на врвот на вулкан, а потоа го срушил коритото на реката Буреја. Жителите на Хабаровска област во Русија тврдат дека метеорот е одговорен за лизгалиштето кое формирало брдо високо 150 метри.
Рускиот ловец Антон Иванов прв ја приметил ваквата состојба и вели дека забележал како излегува пареа од повеќе места каде удрил метеорот.
„Мирисаше на водород сулфид и забележав како од поедини места чади пареа. Дури и откривме места на врвот каде имаше многу жешки камења. Камењата ги искористивме за да ги стоплиме рацете“, изјавил Иванов.
Минувајќи по коритото на реката Буреја, како што тврдат жителите, биле откриени парчиња жежок камен и делови од метеори.
„Не веруваме дека човек е причината за да настане вакво нешто. Освен ако преку ноќ не се започнати некакви големи градежни активности, за кои ние не сме известени. Но, не веруваме дека за кратко време тоа може да се случи. Можеби станува збор за срушено НЛО“, велат сведоците.
Експерт од Факултетот за природна наука, доктор Евгениј Зубко, вели дека жителите го почувствувале ударниот бран, но, зависно од параметарот на неговиот пад зависи дали ќе бидат пронајдени делови од него.
Регионалниот директор на Руското географско друштво Алексеј Махинов, верува дека причина за лизгалиштето може да биде и земјотрес.
„Можеби е во прашање и метеор, но тоа е малку веројатно“, вели Махинов.
Директорот од Институтот за астрономија на Руската академија на науки Борис Шустов, изјавил дека ниту еден метеор кој би можел да направи ваква штета, како што ја опишале тамошните жители, не е забележан да влезе во Земјината атмосфера.
Текстот Русите со луди теории на заговор за пад на НЛО и метеор во Хабаровскиот крај е превземен од Reporter.mk.