Руската јавност се крена во одбрана на сестрите кои убија руски мафијаш

Руската јавност се подели околу случајот со трите сестри, Кристина, Ангелина и Марија Качатурија, кои минатата година го признаа убиството на нивниот татко Михаил, познат руски мафијаш.

Нивниот случај се темелел на самоодбрана и велат дека тоа го направиле со цел да се заштитат од нивниот татко кој со години сексуално, физички и психички ги злоупотребувал. Истрагата која обвинителството ја водело е завршена овој месец, а службите обвиненијата против трите девојки ги подигнале на 14 јуни.

Сестрите кои изминатиот период го минале во домашен притвор, сега се соочуваат со 20 години затворска казна. Адвокатите велат дека Михаил на денот кога е извршено убиството во повеќе наврати ги понижувал девојките. Во еден момент најстарата од нив, Кристина, ја испрскал со бибер-спреј во лицето, по што таа изгубила свест.

Во еден од документите чија скратена верзија е објавена на фејсбук-страницата на адвокатот на Ангелина, Алексеј Паршина, е наведено дека девојките подолг период редовно биле изложени на сексуална злоупотреба и понижувања од страна на нивниот татко.

Година дена по добиеното признание, случајот и понатаму предизвикува голема полемика во Русија. Јавноста е на нозе поради контроверзниот закон, со кој значително се ублажува казнувањето на семејните злоупотребувачи.

Адвокатите кои ги застапуваат сестрите Качатуријан се обратиле до шефот на рускиот Истражен комитет, Александра Бастрикун. Велат нивната цел е да се поништи обвинението, во корист на девојките кои го одразуваат одбранениот карактер на женските акции.

„Обвинението, благо речено, е чудно. Случајот на обвинителството е полн со претпоставки, измислици и недоследности“, напишал адвокатот Паршин.

Медиумите внимателно го следеле целото судењето, па се покренала и дискусија за пристапот на општеството кон семејното насилство и носењето на законот во 2017 година, со кој се декриминализираат повеќето облици на насилство. Околу 350 луѓе на 19 јуни се собраа пред седиштето на Истражниот комитет во одбрана на сестрите.

„Неопходната самоодбрана не може да биде злостор. Затоа што се спасија од нивниот татко, сега се соочуваат со 20 години затвор. Нема повеќе вина кај жртвите“, биле пораките напишани на дел од многубројните плакати.

Според првичните изјави, злосторот почнал спонтано, затоа што Михаил прво ја нападнал Кристина, по што таа во самоодбрана со нож му нанела смртоносни повреди. Дел од медиумите наведуваат дека Михаил спиел кога една од девојките го прободела со ножот во грло, а потоа другите две ѝ помогнале и го усмртиле со чекан.

Бројот на убоди варирал од 36 до 45, а имал голем број рани по вратот, околу срцето и стомакот. Иако судот ги отфрлил тврдењата дека девојките злосторот го направиле затоа што не можеле повеќе да ги трпат злоупотребувањата, постојат и сведочења од соседите и пријателите кои одат во нивна корист.

Тие тврдат дека Михаил не им дозволувал на девојките да излезат надвор. Не им дозволувал да одат во школо. Се однесувал кон нив како вистински тиранин. Наводно им се заканувал со пиштол и редовно ги тепал. Им забранувал да искачаат и да се дружат со пријателите. Дури и нивната мајка побегнала од него поради малтретирањата.

Има сведоштва во кои се тврди дека Михаил ја принудил една од девојките да ги изеде влакната од нивното куче кои биле на подот. Истрагата која обвинителството ја водело е завршена месецов, а службеното обвинување против сестрите е подигнато на 14 јуни.

Текстот Руската јавност се крена во одбрана на сестрите кои убија руски мафијаш е превземен од Reporter.mk.