Руски историчар тврди дека знае каде Наполеон го сокрил руското богатство

Рускиот историчар Вјачеслав Рижков тврди дека ја решил 200 годишната мистерија за сокриените 80 тони злато, коо биле во сопственост на Напелеон и неговите трупи. Наполеон го сокрил златото по повлекувањето на неговите трупи од Москва во 1812 година.

Рижков тврди дека францускиот цар наредил да се направат мамки кои ќе претставуваат пречки за кој било во наредниот период да може да го пронајде богатството.

Ружков тври дека езерото Семљево, во регионот Смоленск, е лажната локација на богатството и дека Наполеон сакал само да ги наведе во погрешен правец сите ловџии на богатства.

Ружков тврди дека пленот бил однесен до езерото Бошај Рутавеч во неговиот роден град Рудница. Самиот Наполеон следел како се поставуваат лажни траги во близина на езерото Смелјево. Историчарот тврди дека на овој начин, Наполеон успеал да го залаже и рускиот цар Александар I и неговите трупи.

Историчарот Рижков тврди дека Наполеон намерно наредил ѝ да се шират лажни гласини на сите страни, од неговите луѓе, се со цел да се сокријат вистинската локација на златото.

Ружков е убден дека златото се наоѓа во близина на белоруската граница. Францускиот цар богатството го донел во близина на родното место на историчарот, во Рудница, а подоцна го фрлил во езерото Болшај Рутавеч.

Историчарот тврди дека Наполеон земал дел од богатството, и го тварел во 400 вагони, а подоцна го испратил преку 500 коњаници и 250 негови членови од елитната стара гарда.

Рижков тврди дека самиот цар заминал со богатството да го надгледува начинот на кој требало да биде истото сокриено.

Тој вели дека луѓето на Наполеон изградиле платформа во центарот на езерото, а богатството го закопале на дното. Рижков тврди дека поради начинот на кој е закопано богатството, сега е биде потребна напредна технологија и експерти за истото биде пронајдено и извлечено.

Според него биле направени студии за квалитетот на водата во езерото. Студиите биле изработени во текот на 1980-те години од минатиот век.

Била забележана висока концентрација на честички на сребро. Митот за украденото богатство потекнува од времето на повлекувањето на Големата Армија од Москва, кога се тврдело дека Французите златото го однеле заедно со сите скапоцености од градот.

Според приказната на еден од членовите на персоналот на Наполеон, Филип Пола де Сегура, богатството било сокриено во езерото Семлјево во регионот Смоленска во западна Русија.

Шкотскиот писател Сер Валтер Скот дополнително допринесол за ширењето на гласинтие за богатството, кога го споменал во својата биографија „Животот на Наполеон Бонапатра“, од 1825 година.

Историчари и археолози од тогаш истражувале на подрачјето на езерото Семлјево, а легендата станала поубедлива откако околу езерото биле пронајдени големи количини на оружје и муниција.

Руски весник напишал дека Советите вложиле големи напори за да дојдат до богатството во шеесетите и седумдесетите години од минатиот век. Но, нивните обиди завршиле безуспешно.

Сепак според извештајот на весникот „Московски комсомолец“, Владимир Поривајев, кој со години се занимавал со лов на богатство, вели дека приказната на Рижков била апсурдна. Тој ја навел идејата за 400 вагони како посебно необична, велејќи дека тој таен конвој се протегал со километри.

На Поривајев исто така му е необична замислата ѝ прашува каква опрема имале луѓето на Наполеон за да можат да го сокријат богатството во центарот на студеното езеро во зимскиот период.

 

 

 

Текстот Руски историчар тврди дека знае каде Наполеон го сокрил руското богатство е превземен од Reporter.mk.