САД му подготвува смртна казна на Асанж

Таткото на Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, Џон Шиптон, вели дека е загрижен за здравјето на неговиот син и можната казна која го очекува. Тој вели дека многу е веројатно судот во САД да пресуди смртна казна.

Во интервју за „Би-Би-Си“, во пресрет на контроверзното сослушување за испорачувањето кое треба да почне следната недела, Џон вели дека здравјето на Џулијан е сериозно нарушено и дека тој станува анксиозен.

Поради 18 обвиненија за хакирање, протекување на информации и кршење на Законот за шпионажа, американските власти го бараат Асанж да им биде испорачан и да му се суди во судница во САД.

 

Текстот САД му подготвува смртна казна на Асанж е превземен од Reporter.mk.