САД планирале нуклеарен напад на Виетнам во 1968 година

Американската војска за време на војната во Виетнам планирала да ги нападне северновиетнамските сили со помош на нуклеарно оружје.

Но, претседателот на САД Линдон Џонсон на време дознал за ваквата операција и наредил таа да биде откажана, пишува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на архивски документи од кои е симната ознаката за доверливост.

Според документите, во 1968 година, главниот командант на американските сили во Виетнам, Вилијам Вестмореланд ја покренал операцијата и веднаш му ја пренесол на Џонсон. Американскиот претседател наредил операцијата да се откаже.

„Кога дознал за реализацијата на планот, бил неверојатно очаен и веднаш му испратил на Вестмореланд преку Ростов наредба да се откаже нуклеарниот напад“, наведува весникот, откривајќи ги зборовите на помладиот секретар на американскиот претседател Том Џонсон.

Според зборовите на секретарот, Линдон Џонсон се плашел дека војната во Виетнам ќе прерасне во конфликт од големи размери, во кој ќе се вмеша и Кина.

„Претседателот Џонсон никогаш не им верувал на своите генерали. Тој длабоко го почитувал генералот Вестмореланд, но не сакал во текот на војната да управуваат неговите генерали“, открива Том Џонсон.

 

 

Текстот САД планирале нуклеарен напад на Виетнам во 1968 година е превземен од Reporter.mk.