Саентолозите сакаат да ја уништат поранешната на Том Круз, Никол Кидман

Снаата на славниот оперски пејач Пласидо Доминго, Сем Доминго (51) по 22 години ја напуштила сајентологијата и одлучила да раскаже за бројните поединости кои се доведуваат во врска со познатите личности, кои биле или се и понатаму поборници на сајентологијата.

Како што вели Сем, таа на овој чекор се одлучила откако посвоената ќерка на Том Круз, Изабела, станала заговорничка на сајентологијата во јавноста. Сем досега молчела на оваа тема поради блискиот однос со Том и неговата сестра Кес, но решила да проговори кога дознала дека Том и сестра му почнале да ја користат Изабела.

Сем вели дека животот на Изабела и нејзиниот брат Конор драматично се променил откако во 2011 година, Том Круз и Никол Кидман се развеле.

„Изабела ја користат за пијар затоа што е ќерка на Том Круз. Не е чесно тоа што и го прават на неа и на Конор. Тие немаат избор туку само да ја промовираат сајентологијата“, изјавила Сем за „Дејли Мејл“.

По разводот децата биле поттикнати да се оддалечат од нивната мајка Никол Кидман, поради тоа што таа, на основа на приказните кои сајентолозите им ги кажувале на Том и децата, била непожелна личност.

„Немаа избор. Беа индоктринирани во сајентологијата и изолирани од сите други работи. Не можеш да биде против сајентологијата ако си дел од семејството на Том. Инаку ќе се одречат од тебе. Погледнете што и се случи на неговата ќерка Сури“, вели Сем и открила дека сајентолозите немаат добри намери за Никол Кидман.

„За жал Никол не може да биде спасена во овој живот. Но, за среќа таа еден ден ќе умре и тогаш ќе може да ја спасиме во следниот живот. Таков е ставот на Сајентолошката црква“, вели Сем Доминго.

 

 

Текстот Саентолозите сакаат да ја уништат поранешната на Том Круз, Никол Кидман е превземен од Reporter.mk.