Саудискиот јавен обвинител изјавил денеска дека лицето кое дало наредба да се убие новинарот Џемал Кашоги е шефот на преговарачкиот тим кој бил испратен во Истанбул за да го врати во Саудиска Арабија.
Пет саудиски државјани се обвинети дека го дрогирале и потоа го распарчиле неговото тело, објавил денеска саудискиот обвинител. Како што пренесува „Индепендент“, обвинителот наводно побарал смртна казна за пет од 11 осомничени за убиството на новинарот од Саудиска Арабија.
Претходно турските власти побарале на осомничените им се суди во Турција. Телото на убиениот новинар сè уште не е пронајдено, а турските известувачки сили тврдат дека тоа е исечено и уништено со киселина по убиството во зградата на саудискиот конзулат во Истанбул минатиот месец.
Како резултат на убиството на Кашоги, САД денеска вовеле забрана за патување и економски санкции за 17 државјани од Саудиска Арабија, за кои сметаат дека имале учество во убиството на саудискиот новинар.
Според новите санкции, целиот имот на овие 17 државјани на Саудиска Арабија е замрзнат, а на Американците им е забрането да имаат каков било контакт со нив.
САД, исто така како резултат на барањата на Турција, поврзани со убиството на Кашоги, повторно ги разгледуваат можностите за депортација на турскиот опозициски исламски проповедник Фетулах Гулен.
Според наводите на телевизискиот канал Ен-би-си, за да се намали количината на барања на Турција во случајот со убиството на Кашоги, повторно се разгледува можноста за екстрадација.
Текстот Саудијците открија кој го нарачал убиството на Кашоги е превземен од Reporter.mk.