Студентот Владислав Рослјаков кој наводно извршил масакр во Плитехничкото школо во Керч каде убил 19 лица и ранил поеќе од десетина, а потоа се самоубил, се јави жив и здрав.
По шокантниот пресврт следеле повеќе снимки на Јутјуб во кој Владислав демантира каква било врска со нападот.
„Медиумите ме прогласија за терорист. Објавија моја фотографија, од мојот профил иако немам никаква врска со тоа“, вели тој.
На неговата страница VKontakte се наоѓа и пост: Сите избришани записи ќе бидат вратени“.
Медиумите објавија дури дека не е ни студент на Политехничката школа во Керч и дека неговото вистинско име е Владислав Дивиз.
„Не разбирам што се случува. Има многу луѓе кои ќе посведочат дека тоа не сум јас. Бев во школо од 09:00 до 12:30 часот. Постојат и записи во дневникот. Ова се глупости. Се плашам дека сега можат да ме убијат на улица“, објавил Владислав за RBC.
Текстот Се јави тинејџерот кој наводно извршил самоубиство по масакрот во Крим е превземен од Reporter.mk.