Жената која била оперирана од еден од најпознатите британски хирурзи извршила самоубиство затоа што лекарот, кој сега е под истрага на Националната здравствена служба, ѝ ги отстранил јајниците по операцијата под изговор дека му пречеле.
Ентони Диксон, кој стекнал светска репутација со употребата на мрежестите импланти за проблеми со цревата, ја примил Лусинда Кемпбел (58) во приватна болница во 2016 година поради нарушување на работата на цревата.
Диксон, кој е суспендиран од две болници во Бристол, наводно ѝ рекол на Лусинда дека за време на операцијата ѝ ги отстранил јајчниците затоа што му пречеле. На жената ѝ е вграден вагинален мрежест инплант за да ѝ помогне со проблемите со цревата, но таа по операцијата била во агонија.
Подоцна е пронајдена обесена на таванот од нејзиниот дом во селото Три Кросиз, кај Свонзи, а на поранешниот партнер претходно му порачала: „Нема друг излез од болките“.
Mmm “?” #professionals are human too. Full of ego and #complacency
Woman killed herself after surgeon removed her ovaries during operation because ‘they were getting in the way’, inquest hears’ | via @telegraph https://t.co/U4GUqcGh4T
— The Advocate.SPW. (@dioltas8) 30 May 2018
„Болката се влошувала и никој изгледа не можел да го реши тој проблем. Диксон ѝ вградил инплант во 2016 година, но зафатот не бил успешен, и таа била во агонија“, изјавил Филип Четфилд, поранешниот партнер на Лусинда, кој работел како вајар и дополнил дека по тој период таа направила уште една операција, која само дополнително ѝ ги влошила работите. Четфилд и Кемпбел имаат 19-годишен син.
Таа по операцијата во 2016 година тврдела дека не се согласила на отстранување на јајчниците, по консултација со други доктори во болницата. Таа рекла дека тоа не било споменато ни пред операцијата.
Тој ѝ рекол дека со операцијата ѝ направил услуга.
„Мислев дека знаеш. На жена на твои години навистина не ѝ се потребни јајчниците“,ѝ го кажал доктор Диксон на неговата сопруга по операцијата.
Кога го прашала зошто го направил тоа, тој само и одговорил.
„Ми пречеа“, изјавила претходно Лусинда и истакнала дека нејзиниот живот бил целосно уништен, но дека не може да го обвини Диксон за тоа.
Нејзиното безживотно тело го пронашол Четфилд, а покрај неа била пораката за нивниот син на која пишувало:
„Ангус, жал ми е, те сакам, ти си најдобриот син“.
Неуспешната операција ја оставила Лусинда во големи болки и тоа влијаело на нејзиното ментално здравје. Во неговиот извештај стои дека болката ја натерала да си го одземе животот. Нејзиниот син потврдил дека имала големи болки и дека била многу вознемирена што ѝ ги отстраниле јајчниците без нејзино знаење или дозвола.
Освен што е суспендиран во две бристолски болници, медицинското мнозинство во болницата го спречило Диксон да изведе уште една ваква корективна хирургија, позната како STARR. Диксон претходно изјавил дека сите операции можат да станат комплицирани, но дека тој своето го извршил со најдобра намера и дека повеќето од операциите биле успешни.
Изминатите години вагиналните мрежести инпланти станале предмет на многу контроверзи, по големиот број жалби од повеќе жени поради негативните последици од процедурите. Овие трајни инпланти се користат за лекување на органите на карлицата и уринарните органи, состојба што обично се јавува по породувањето. Некои жени пријавиле тешка и перзистентна вагинална и абдоминална болка по операцијата, додека други имале инфекции и крвавење.