Американската тенисерка Серена Вилијамс пред новинарите изјавила дека нема да го прославува роденденот на својата ќерка, затоа што е еден од Јеховините сведоци.
На една прес конференција, Вилијамс објаснила дека и покрај тоа што досега не ги практикувала обичаите, тоа било многу важно за неа.
„Олимпија не слави роденден. Ние сме Јеховини сведоци. Па затоа не го правиме тоа“, изјавила Вилијамс.
Тенисерката минатата година исто така призна за Vog дека е еден од членовите на Јеховините сведоци.
Вилијмс објасни дека станува збор за христијанска верска заедница која има преку 8,3 милиони членови ширум светот. Во повеќето земји овие лица имаат статус на правно лице. Во светот се познати по тоа што своите верувања ги темелат исклучиво на Светото писмо односно Библијата и по својата проповедничка делатност.
Текстот Серена Вилијамс призна дека е Јеховин сведок е превземен од Reporter.mk.