Ким Јо-џонг сестрата на Ким Џонг-ун, управува со Северна Кореја сметаат теоретичарите на заговор, а како потврда за тоа го посочуваат нејзиното неодамнешно објавено писмо до јавноста.
Во писмото таа ги нарекува дезертерите во Северна Кореја, како човечко ѓубре и објаснила дека сите оние кои избегале во Јужна Кореја, не знаат ништо за нуклеарното оружје кое го поседува Ким.
Ова ги здрма светските аналитичари, кои сметаат дека со ваквиот нејзин потег само ги поттикнала шпекулациите околу тоа кој управува со севернокорејското кралство.
Сестрата на Ким удри по одлулата на Јужна Кореја да ги користи бегалците за расфрлање на летоци во кои се клевети Северна Кореја. Таа ги нарекла човечко ѓубре и ги обвини дека не знаат ништо за нивното нуклеарно оружје.
Ова доаѓа само неколку недели откако во јавноста се раширија гласини за нејзиниот брат кој исчезна од јавноста, а некои сугерираа дека можеби и починал.
Тогаш се појавија и извештаи во кои се тврдело дека Северна Кореја ја подготвила Ким Јо-џонг за превземање на местото врховен ливер на земјата.
Текстот Сестрата на Ким управува со Северна Кореја сметаат теоретичарите на заговор е превземен од Reporter.mk.