Државната агенција на Северна Кореја објавила вест дека станала првата земја во светот која успеала да испрати човек на Сонцето!
Сонцето е единствената ѕвезда од нашиот Сончев систем чија маса е поголема за 100 пати од таа на Земјата. Сонцето претставува топка со термонуклеарна фузија која ѝ дава светлина на нашата планета. Исто така произведува топлина од речиси 10 000 степени Целзиусови.
Како што наведува агенцијата од Северна Кореја, астронаутот Хунг Ли Гонг слетал на Сонцето со специјално дизајнирана ракета. Тој патувал сам до одредиштето, а стигнал на Сонцето за четири часа.
„Многу сме воодушевени од тоа што можеме да објавиме дека успешно испративме човек на Сонцето“, изјавил претставник од севернокорејската вселенска агенција.
„Северна Кореја ги победила сите други земји со успешната мисија, слетување на Сонцето. Хунг Ли Гонг е херој на нацијата и заслужува херојско добредојде кога ќе се врати дома“, дополнил претставникот на Севернокорејската вселенска агенција.
Во текот на својот престој на Сонцето, Хунг Ли Гонг собрал примероци од ѕвездата кои ги донел како подарок за својот лидер.
Мисијата траела 18 часа и веќе е наречена „најголемиот успех на човекот во нашето време“, од страна на Севернокорејската централна новинска агенција.
Овој потфат може слободно да се каже дека ја ставил Северна Кореја како лидер во трката за освојување на вселената, а голем број експерти веќе посочуваат дека НАСА и Америка се во збунети од тоа како оваа земја за толку краток период успеала да постигне толку многу.