Дипломатот од Северна Кореја Џо Сонг Гил (48) кој до неодамна беше амбасадор во Италија, исчезнал со неговата сопруга и две деца. Ова денес го пренел Ким Мин ки член на јужнокорејскиот парламент.
Ким се повикал на податоците добиени од Националните безбедносни служби. Тајната агенција зад затворени врати го известила пратеникот во Сеул, дека Џо со својата сопруга се сокрил во ноември минатата година, не прецизирајќи на кое место. Ким на новинарите им пренел мал број информации за овој случај.
Пратеникот се оправдувал дека нема овластување да зборува премногу за исчезнувањето на Џо.
„Ја напутшија дипломатската мисија и исчезнаа“, бил краткиот коментар на Ким.
Доколку се потврди исечзнувањето на Џо, амбасадорот ќе се приклучи на долгата листа на високи дипломати кои се обиделе да побегнат од Северна Кореја. Претходно денеска, весникот „Џонг Анг Илбо“, повикувајќи се на неидентификуван дипломатски извор, објавил дека Џо поднел барање за азил во една од западните земји.
This is a picture of Jo Song-gil during the celebration of the Day of the Sun (April 2018) at the Italian NK embassy in via dell’Esperanto (Rome). His defection is still not confirmed by the authorities.
The picture is from https://t.co/eZSAOJNGDK pic.twitter.com/FGS4wHTug8— Giulia Pompili (@giuliapompili) January 3, 2019
Весникот додал дека Џо е на безбедно место со своето семејство и дека дипломатот е ставен под заштита на италијанската влада. Висок дипломатски извор во Рим изјавил дека италијанското Министерство за надворешни работи не знае ништо за ваквите наводи.
DEVELOPING: North Korea’s acting ambassador to Italy Jo Song-gil has gone into hiding with his family, sparking rumours of defection.https://t.co/D7ZnZGdBqj pic.twitter.com/7BGeZnwyh2
— euronews (@euronews) January 3, 2019
Друг дипломатски извор изјавил дека Министерството нема информација дека Џо побарал азил во Италија, но истиот извор навел дека Северна Кореја на крајот на 2018 година, најавила дека ќе испрати нов амбасадор во Рим.
Северна Кореја сеуште се нема огласено за статусот на дипломатот Џо.
Текстот Севернокорејски дипломат во Италија мистериозно исчезнал со семејството е превземен од Reporter.mk.