Шпанска фирма под истрага затоа што го шпионирала Асанж

Шпанска приватна фирма се наоѓа под истрага затоа што го шпионирала основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, додека се криел во амбасадата на Еквадор во Лондон, пренесува шпанскиот медиум „Ел Паис“.

Високиот суд во Шпанија, ги истражува активностите на фирмата која била ангажирана од владата на Еквадор да го следи Асанж  и да ја штити амбасадата на таа земја во Лондон. Се испоставило на крај дека фирмат аго следела и Асанж, кој таму мина повеќе од седум години, пренесува „Ел Паис“.

Фирмата ги поставила камерите на почетокот на декември 2017 година. На тој начин им овозможиле и САД да има пристап до безбедносните камери.

Како што наведува весникот, сите состаноци со посетителите и адвокатите непрекинато биле снимани од декември 2017 година до март 2018 година и потоа биле проследени до американските известувачки служби.

Истрага против сопственикот на компанијата Дејвид Моралес и неговата фирма, наредил судијата Хосе де ла Мата, неколку недели откако биле објавени првите снимки и аудио записи. Тогаш станало јасно дека компанијата спровела шпионски активности против основачот на „Викиликс“.

Потоа следела кривична пријава која ја поднел самиот Асанж, во која ги обвинил Undercover Global S.L. и неговиот сопственик за кршење на неговата приватност и тајноста со привилегијата на клиентот. Во извештајот е наведено дека Моралес, кој е поранешен припадник на војската, повеќе пати усмено и писмено изјавил дека работел за Американците и покрај тоа што го ангажирала владата на Еквадор и известувачките служби во име на тогашниот претседател на јужноамериканската земја Рафаел Кореа.

Кореа во 2012 година му го признал државјанството на Асанж, кој е роден во Австралија, со цел да може да се сокрие и заштити во амбасадата во Лондон. Против Асанж се подигнати 18 обвиненија од страна на американската влада, поради објава на национални, тајни податоци.

Активностите на шпонажа против основачот на „Викиикс“ наводно се засилиле под власт на сегашниот прв човек на Еквадор, кој на функцијата стапил во мај 2017 година и го предал Асанж на британските власти во април оваа година.

Сопственикот на „UC Global S.L“, одбил да одговори на шпанскиот весник дека неговата компанија го шпионирала Асанж.

 

Текстот Шпанска фирма под истрага затоа што го шпионирала Асанж е превземен од Reporter.mk.