Што ги чека луѓето кои го прележале коронавирусот

Двете објавени студии, ги даваат првите научни докази, за тоа што ги чека луѓето кои веќе еднаш го прележале коронавирусот. Студиите кои ги претставуваат испитувањата, направени на мајмуни, покажуваат дека, сите оние кои се излекувале од „Ковид-19“, можат да развијат имунитет од повторна инфекција, пренесува српски Курир.

Ова претставува позитивен знак, дека вакцината на која се работело, може да биде успешна, пренесуваат американските истражувачи. Во една од новите студии, истражувачите заразиле девет мајмуни со „Ковид-19“. Откако мајмуните се опоравиле, тимот повторно ги изложил на вирусот. Но, животните не се разболеле.

Налозите сугерираат дека тие развиле природен имунитет, кои ги штити од повторно изложување, изјавил доктор Ден Барух, истражувач од лабораторијата за истражување на вируслогија и вакцина, Харвардски Бет Израел Диконис, медицински центар во Бостон. Студиите се објавени во списанието „Наука“.

„Тоа е добра вест“, изјавил Барух.

Во втората студија, Барух и неговите колеги тестирале 25 мајмуни со шест прототипови на вакцини, за да утврдат дали антителата, кои се произведени како одговор на нив, им даваат заштита. Тие ги изложиле мајмуните со уште 10 контролни животни на коронавирусот.

Кај сите контролни животни, вирусот се појавил со висок степен во носевите и белите дробови, додека животните кои биле вакцинирани, имале значителен степен на заштита, изјавил Барух.

Според неговите зборови, осум вакцинирани животни, биле целосно заштитени. Оваа студија не докажува дека луѓето развиваат имунитет, или колку долго истиот може да трае. Но, охрабрува, велат од агенцијата.

 

Извор/Курир.рс

Текстот Што ги чека луѓето кои го прележале коронавирусот е превземен од Reporter.mk.