Популарната социјална мрежа Фејсбук има собрано еден куп информации од своите корисници. Не е нешто новос дека Фејсбук ги памети нашите прегледани фотографии, огласи кои сме ги посетувале, нашите разговори со семејството или пријателите, фајлови кои сме ги делеле преку Фејсбук Месенџер, но и многу повеќе од тоа.
Да биде работата уште полоша, Фејсбук не е единствен кој ги собира информациите од нашите интернет активности. Напротив Гугл е уште еден пример кој многу ревносно го бележи секој наш отворен таб.
Непријатно изненадување
Ник Вигам, новинар од медиумот „Хералд“ во Нов Зеланд, одлучил да открие колку „Фејсбук“ знае за него. Се изненадил кога ја собрал огромната количина на податоци, од кои за некои не ни знаел дека постојат.
„Базата на податоци вклучувала и скенирање на копија на образец за закуп од претходен изнајмен објект, кој морав да го испратам до еден мој пријател преку Месенџер. Забележав и стари месечни сметки за интернет и телефон, скриншотови од банковни трансфери, бескранји веб страници и банални разговори кои некогаш сум ги имал на платформата“, вели Ник.
„Чудно е кога ќе дознаеш дека на некој начин Фејсбук те познава тебе подобро од самиот себе си“, напишал Ник.
Сајтот исто така ги чува податоците за препознавање на лицата, имињата и броевите од вашата листа на контакти, што сте ги посетувале на интернет и уште многу од тоа.
Текстот Што се Фејсбук знае за вас? е превземен од Reporter.mk.