Шведски судија осуди муслимански силувач на деца со 150 часа добротворна работа

Шведски судија предизвика бес во јавноста поради тоа што муслимански бегалец, го прогласил за виновен за силување на дете, но го ослободил без затворска казна пишува samnytt.se. Судијата сметал дека детето било „напалено“.

Окружниот суд го прогласил Мохамед Хасан Абукар за виновен за девет кривични случаи, вклучувајќи и силување на деца и закана за убиство на дете и на нејзините родители, доколку жртвата открие кој ја силувал.

Мохамед исто така е прогласен за виновен за провала, повеќекратни случаи на закана, кражба на автомобили, возел камион без лиценца, плукање на лице на девојче, давање отпор при апсењето и напад врз службено лице во судницата.

Но, судијата не сметал дека ваквите обвинувања се доволни за затворска казна и го поштедил обвинетиот од казна затвор, осудувајќи го само со 150 часа добротворна работа во заедницата.

Мохамед нема да биде депортиран и ќе му биде дозволено да остане во Шведска, за да го доврши својот пат за добивање на државјанство.

„Службата за добротворна работа во заедницата во Шведска, обично вклучува собирање на ѓубре и градинарство.

Според шведските извештаи, Мохамед Хасан Абукар изјавил пред судот дека детето било напалено. Тоа му била единствената одбрана против обвинувањата.

Според документите на судот, Мохамед ја следел девојката во тоалетот за хендикепирани во трговскиот центар, а потоа ја присилил на секс и ја силувал пет минути.

Мохамед исто така бил осуден за провала, во која заедно со другите луѓе, украл прескапи предмети вклучувајќи и мобилни уреди вредни и преку 17.249 долари, а се здружил со друга личност да украде автомобили.

Покрај 150 часа добротворна работа, Мохамед исто така требало да плати на девојката 18,974 долари.

Исто така му е наредено да плати 574 долари на друго помладо девојче кое го нападнал и го плукнал во лице.

Обвинителите рекле дека не се согласуваат со пресудата на судот да го поштедди Мохамед од затвор и предложиле да се размисли за носење на друга пресуда.

 

 

 

Текстот Шведски судија осуди муслимански силувач на деца со 150 часа добротворна работа е превземен од Reporter.mk.