Научниците предупредуваат дека Сонцето во моментов предизвика силна супермагнетна бура која е насочена кон Земјата. Научниците велат дека бурата ќе трае до 17 мај, но во текот на месецот може да се очекуваат уште вакви удари. Ваквата појава може негативно да влијае на хронично болните лица, но и на здравите.
Научниците велат дека се работи за најсилната магнетна бура во последните две години. Ваквата бура ќе трае околу 10 часа и може да ги наруши радиокомуникациите, а најмногу ќе ја почувствуваат луѓето кои се чувствителни на временските услови.
Од сајтот „Спејс време“ пренесуваат дека нивото на бурата во моментот е на G2, што значи умерено јак. Аурората е видлива во северните држави на САД, како што се Минесота, Мичиген и Њујорк. Како причина за оваа појава се наведува пукнатина во Земјиното магнетно поле, овозможувајќи сончевиот ветер да влезе во магнетосферата.
„Овој настан е многу поважен со слични вакви настани кои се имаат случено во претходните години. Во последните две години, ова е најсилната магнетна бура. Тоа е импресивно“, изјавил главниот истражувач во Лабораторијата за рендгенска астронимија од Институтот за физика, Сергеј Богачев.
Ваквиот настан кај луѓето може да предизвика главоболки, изнемоштеност, зголемен крвен притисок, засилени болки кај хронично болните лица и аритмија и тахикардија. Луѓето ќе бидат нервозни и раздразливи, а можни се проблеми и со видот. Срцевите болесници ќе имаат засилени тегоби.
Во периодот од 20 мај до 25 мај се очекува нова магнетна бура, но со нешто послаб интензитет. Ваквата бура ќе се одрази на психата и емоциите. Луѓето ќе бидат агресивни, а можна е појава на несоница и пад на концентрацијата. Пожелно е да се избегнуваат расправиите, стресовите и да се биде внимателен зад воланот.
Треба луѓето поинтензивно да се занимаваат со спорт, да шетаат во природа и колку е можно повеќе да престојуваат на свеж воздух. Геомагнетната бура е феномен од ненадејни и привремени промени во магнетното поле на Земјата, кои се предизвикани од активностите на Сонцето.
Ваквите активности влијаат на магнетното поле врз Земјата, три дена по нивното настанување. Познат е случајот од 1989 година, кога за време на една таква бура четири сателита биле во дефект повеќе од недела дена. Влијанието на геомагнетната бура врз луѓето е процес кој штотуку почна да се проучува.
Познато е дека гулабите писмоносци за време на ваквите бури имале проблем со навигацијата. Птиците не биле во состојба да го пронајдат местото на кое требало да слетаат.
Текстот Силна сончева магнетна бура удира во Земјата и влијае на сите нас е превземен од Reporter.mk.