Францускиот астролог чие вистинско име е Мишел де Нострадам во своето последно предвидување, пред неговата смрт, напишал во својата книга за вулкански оган и земјотреси во „новиот град“. Многумина денес веруваат дека неговите записи се однесуваат на САД и дека оваа година земјата ќе биде погодена од природна катастрофа.
Новиот град за кој Нострадаму говори е отворен за интерпретација, но многумина го толкуваат неговиот запис на земјата која ја води Доналд Трамп, човекот кому Нострадамус му предвидел голема иднина.
Во неговата книга тој напишал: Голем, бесрамен, смел ѕвер ќе биде избран за гувернер на војската, одважен во своите намери. Мостот ќе биде скршен, градот ќе се онесвести од страв.
Многумина веруваат дека забелешката за бесрамен дрзок измамник се однесува на начинот на кој комуницира Трамп, додека гувернерот на војската упатува на тоа дека е се залага за водечка светска воена сила.
Во неговата книга Centuri 1, Kuatrain 40, Нострадамус напишал: „Лажна труба која ќе го прикрие лудилото ќе ја натера Византија да ги менува своите закони“.
Францускиот астролог направил низа предвидувања во неговата книга Les Profetis од 1555 година, живеел од 1503 до 2 јули 1566 година и во текот на целиот негов живот го мачела болеста гихт.
Болеста му го отежнала движењето. Таа се претворила во едем, собирање течности во телесното ткиво, што било причина за неговата смрт, но пред да почине го дал конечното предвидување.
Пред смртта го ангажирал својот секретар Жан де Шавиниј, кому му кажал: „Нема да ме најдеш жив на изгрејсонце“.
Следното утро, кога секретарот се вратил да го види астрологот, тој лежел мртов на подот покрај својот кревет. Нострадамус наводно му дал неколку точни предвидувања за иднината, иако многу од истите се отворени за толкување. Едно од таквите предвидувања бил подемот на Доналд Тамп и како тој ќе стане претседател на САД.
Текстот Силни земјотреси ќе ги уништат САД, последното предвидување на Нострадамус е превземен од Reporter.mk.