Синдикална активистика била убиена откако разоткрила кражба на плутониум наменет за нуклеарка

Карен Силквуд синдикална активистка загинала во сомнителна сообраќајна несреќа, а многмина се сомневаат дека нејзината смрт е поврзана со разоткривањето на нуклеарна кражба.

Откако полицијата ја нашла мртва, во записникот ставиле дека тоа е уште еден несреќен сообраќен случај. Но, оние кои ја познавале подобро и ги знаеле околностите, се сомневаат дека станува збор за несреќен случај.

Силквуд зад себе оставила три деца од пет, три години, и бебе од 18 месеци. На нејзината најстара ќерка и кажала дека ќе оди да купи цигари, но никогаш не се вратила.

Таа работела како техничарка на металографија во постројките за производство на плутониум во фабрика во Оклахома. Со време се приклучила на сидниканите нафтени, хемиски и атомски работници во компанијата.

Штрајкот кој го организирале недолго потоа пропаднал, а голем дел од работниците ја прекинале врската со синдикатот. Силквуд била првата жена која го завземала местото во преговарачкиот одбор на синдикатите.

Таа била обвинета затоа што почнала да ги истражува здравствените и безбедносни прашања на работниците во фабриката. Во летото 1974 година, сведочела пред Комисијата за атомска енергија и да открива за сериозно кршење на здравствените и безбедносни прописи, вклучувајќи ги и доказите за пропусти и неисправно производство.

Силквуд истакнала и за исчезнатиот плутониум, количина која била доволна за да се направат неколку убиствени нуклеарни бомби. Исто така тврдела дека фирмата ги менувала записниците за инспекторите.

Потоа почнале да се случуваат чудни работи. Околу месец дена подоцна, за време на рутинската проверка, таа открила дека е изложена на зрачење кое е 400 пати посилно од законските граници. Била испратена дома со комплетни примероци за спроведување на дополнителни тестови.

Следното утро, иако тој ден не ракувала со опасни материи, со кои работела во рамки на својата работа, уште еднаш се тестирала на радиоактивност. Два месеци подоцна, во белите дробови и пронашле контаминации на плутониум и била испратена во Националната лабораторија „Лос Аламос“ во Ново Мексико на дополнително испитување.

Таа била убедена дека била намерно контаминирана како резултат на своите истражувања и пријави против челниците на фирмата. Компанијата подоцна пред судот тврделе дека намерно се контаминирала себе си, за да ги обвини нив. Но, иако нивото на зрачење во нејзиниот стан било високо, не е откриено зрачење во нејзиниот автомобил ниту во работното шкафче.

На 13. ноември Силквуд одлучила со својата приказна да излезе во јавноста. Собрала докази за незаконско делување на фабриката и тргнала на пат кон Оклахома Сити за да се запознае со претставниците на нациналната унија и да ги извести новинарите на „Њујорк Тајмс“. На пат нејзиниот автомобил излетал од патот и удрил во ограда, а таа загинала на 28. годишна возраст.

Во нејзиниот автомобил биле пронајдени таблети мандракс, во тоа време многу популарен лек против несоница и седатив кој се користи и како хипнотичка дрога и за рекреативни цели. Трагите од овој седатив се пронајдени во нејзината крв. Полицијата во записникот забележала дека таа заспала зад воланот.

Но, нејзиното семејство и пријатели забележале дека на патот имало траги од кочење, па инсистирале на објаснување, како можела да кочи, ако заспала зад воланот?

Испакнатините и гребаниците на нејзиниот надворешен браник ги натерале нејзините блиски да веруваат дека некој намерно направил таа да излета од патот. Документите кои таа планирала да ги сподели со известувачот на „Њујорк Тајмс никогаш не биле пронајдени.

Сето ова допринело федералците да направат истрага за фабриката. Било откриено дека многу од посочените обвинувања за кои зборувала Силквуд се вистинити. Објектот и фабриката „Кимарон“ биле затворени во 1975 година.

Таткото на Силквуд поднел тужба против фабриката, не поради нејзината мистериозна смрт, туку поради намерното невнимание кое резултирало со нејзина контаминација на плутониум.

Според книгата на Ричард Рашке „Убиството на Карен Силквуд“, заплашувања, па дури и физички напади доживеале и нејзините адвокати. Поротата сепак пресудила во корист на семејството, доделувајќи им 10,5 милиони долари. По жалбата, износот е намален на само 5000 долари, за покритие на уништените лични работи за време на деконтаминацијата на нејзиниот стан.

Американскиот Врховен суд го вратил случајот на повторно судење. Кер-Меги нејзиниот шеф, со семејството се спогодил вонсудски и се договорил да ги обештети со сума од 1,38 милиони долари. Сепак, никакво признание за некакво злоставување не био дел од спогодбата.

Нејзиниот син Мајкл изјавил за магазинот Pipl во 1999 година дека е горд на неговата мајка.

„Дали тоа го направила за да стане легенда каква што станаа не е важно“, изјавил Мајкл.

Нејзината ќерка не можела да ѝ прости, затоа што ја напуштила и никогаш не се вратила дома. За сè што направила Карен, нејзината ќерка Даун, немала добро мислење.

„Убедена сум дека го направила тоа што го направила затоа што била проблематична. Не верувам дека нејзините намери биле добри како што сите зборуваат. Но, какви и да биле нејзините намери, нејзината приказна и понатаму фасцинира“, изјавила Даун.

 

Текстот Синдикална активистика била убиена откако разоткрила кражба на плутониум наменет за нуклеарка е превземен од Reporter.mk.