Дејвид Роџерс, поранешниот пилот на милијардерот педофил Џефри Епстајн, сведочел дека британскиот принц Ендру, помладиот брат на принцот Чарлс, во минатото летал во авионот со кој тој пилотирал со малолетни девојки.
Роџерс изјавил дека во Ендру летал со него, заедно со, во тоа време малолетната Вирџинија Робертс, на најмалку четири исти дестинации, во периодот од април до јули 2001 година.
Роџерс дал исказ дека уште во 2016 година, кога Вирџинија ја тужела Гислејн Максвел, тогашната официјална девојка на Епстајн и подводничка на малолетни девојки. Во исказот е наведено дека Максвел врбувала и обучувала малолетни девојки, за сексуално го задоволат милијардерот и неговите влијателни пријатели.
Неговиот исказ е заевен во официјални судски документи. Тој изјавил дека на 11. април 2001 година, со авионот на Епстајн, од аеродромот „Тетерборо“, во Њу Џерси, летале до кипарскиот остров Сент Томс, во близина на Девствените острови, каде се наоѓал и приватниот злогласен остров на милијардерот.
Еден од патниците во авионот тогаш бил и принцот Ендру. Според списокот на патници во дневникот на летот кој Роџерс лично го водел тој ден, во авионот биле Џ.Е.; Г.М.; А.П.; Б.К.; В.Р.
На прашањето на судот дали скратениците на Џ.Е. Г.М. А.П. Б.К. В.Р. ги означуваат имињата на Џефри Епстајн, Гислејн Максвел, принцот Ендру, Бану и Вирџинија Робертс, пилотот одговорил потврдно.
Портпаролот на Бакингемската палата остро ги демантирал наводите на Роџерс како категорички невистни. Исто така во реакцијата на кралското семејство, особено се нагласува дека неговите наводи не се поклопуваат со документите на кралското семејство за активностите на нејзините членови.
„Принцот се сместува на различни места истовремено, а во некои случаи и на различни континенти. Изричито се негира дека принцот Ендру имал каков било облик или сексуален контакт или врска со Вирџинија Робертс. Секое спротивно тврдење е лажно и без основа“, е наведено во соопштението од кралското семејство.
Принцот Ендру и Џефри Епстајн, кој наводно се убил на 10. август во својата затворска ќелија, каде го чекал официјалното обвинување поради педофилија, се запознале во деведесетите години од минатиот век и до последниот ден биле блиски пријатели.
Иако од Бакингемската палата постојано остро демантираат дека принцот Ендру воошто знаел за педофилската склоност на Епстајн, секој ден испливуваат во јавноста нови докази дека не само што знаел за нив, туку и самиот сексуално ги злоупотребувал девојчињата кои Епстајн ги држел како сексуални робинки.
Текстот Синот на кралицата бил со малолетна девојка, тврди пилотот на Епстајн е превземен од Reporter.mk.