Скрипаљ ги знае луѓето кои го отруле и не сака да се врати во Русија

Викторија Скрипаљ, внука на поранешниот офицер на GRU Сергеј Скрипаљ, изјавила нејзиниот чичко ги познавал своите убијци и дека по телефонски пат и пренел дека не сака да се врати во Русија.

Скрипаљ и неговата ќерка Јулија беа отруени минатата година со нервен гас „Новичок“ во англискиот град Солсбери. Двајцата биле пронајдени на клупа без свест, по што веднаш биле префрлени во најблиската болница, каде биле на интезивна нега подолг период.

Викторија објаснила дека нејзиниот чичко во телефонски разговор со семејството на 26 јуни и кажал дека нема намера да се врати во Русија. Според нејзините зборови, телефонскиот разговор со него траел околу пет минути.

„Сите негови повици траат најмногу пет минути. Очигледно толку му дозволуваат да разговара со нас. Овој пат ми рече дека нема намера да се врати во Русија. Тој е убеден дека е отруен од лицата Петров и Боширов“, изјавила Викторија.

Британското обвинителство на 5. сепмтеври минатата година подигнала обвинување против двајца државјани на Русија, Александар Петров и Руслан Боширов, по четири точки, меѓу кои и обид за убиство на Скрипаљ и неговата ќерка Јулија, како и британскиот полицаец Ник Бејли.

Лондон тврди дека Петров и Боширов се соработници на GRU. Осомничените во интервју за „Раша Тудеј“, изјавиле дека во Солсбери престојувале како туристи, дека не знаат ништо за Скрипаљ и дека работат во фитнес индустријата.

Викторија претходно изјавила дека нејзиниот чичко не бил во контакт со семејството уште од месец мај.

„Тој не повика на 26. јуни, само што јас не сакав да се огласувам по тој настан“, објаснила Викторија во разговорот за „РИА Новости“, наведувајќи дека 20. и 23. јуни биле родендените на Сергеј, односно Јулија Скрпаљ.

Викторија додава дека семејството е зачудено зошто Скрипаљ не ги повикал телефонски на роденденот на неговата мајка.

„Се разбира дека го очекувавме повик. Баба беше многу нервозна. Се разбира дека сакавме редовно да се слушаме со него“, вели Викторија.

Во англискиот град Солсбени на 4. март минатата година според тврдењата на британските власти, биле отруени двајца поранешни двојни шпиони, Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија. Лондон тврди дека нивното труење со хемиската супстанца А-234 е вмешана руската држава, нешто кое Москва го негира.

 

Текстот Скрипаљ ги знае луѓето кои го отруле и не сака да се врати во Русија е превземен од Reporter.mk.