Двата најголеми заговори кои ја одбележаа оваа 2018 година се случаите со труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија и убиството на новинарот од Саудиска Арабија Џемал Кашоги.
И во двата случаи, јавноста остана покуса со цврсти докази и информации за тоа што навистина се случило. Земјите инволвирани во овие настани дојдоа во позиција до дипломатска војна.
Во првиот случај некогашниот руски агент Сергеј Скрипал, кој преминал да работи за британските известувачки служби, на 4 март заедно со неговата ќерка Јулија вечерал во ресторан во Солзбери во Англија.
Двајцата откако биле отруени, изгубиле свест и завршиле во болница. Истрагата покажала дека биле отруени со нервниог гас Новичко, што била доволна причина британските известувачки служби ја обвинат Русија.
Сепак Британците не прикажаа ниту еден единствен цврст доказ, со кој можат да потврдат дека Русија има било каква вмешаност во целиот овој случај.
Додека Сергеј и неговата ќерка Јулија успеале да се опорават од труењето, судбината на Џемал Кашоги не била толку светла. Напротив новинарот од Саудиска Арабија на 2 октомври влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, за да ги подигне документите потребни за венчавање и никогаш не излезе од зградата.
Вереницата која го чекала пред вратата, ја алармирала јавноста дека со него се случило нешто страшно. Од конзулатот ѝ рекле дека Кашоги веќе ја имал напуштено зградата.
Безбедносните камери кои биле поставени околу зградата ги демантирале ваквите наовди. Властите во Саудиска Арабија биле принудени да ја менуваат приказната од ден за ден. На крајот на јавноста и се пренесе дека агенти го однеле Кашоги на испитување, го угушиле или веројатно заклале, а потоа неговото тело го распарчиле на повеќе мали парчиња.
Додека официјаленРијад тврдел дека станува збор за грешка и всушност одметната група на агенти е одговорна за смртта на новинарот, многумина прстот го вперија кон принцот престолонаследник Мухамед бин Салман, кој бил честа мета на колумните на Кашоги поради неговото диктаторско владеење.
Текстот Случаите со Џемал Кашоги и Сергеј Скрипал ја одбележаа 2018 година е превземен од Reporter.mk.