Претседателката на Република Хрватска има навика да им подарува дресови од репрезентацијата на Хрватска на своите колеги и светски познати претседатели.
Таа им подари дресови на Владимир Путин и Доналд Трамп, а двата дреса случајно го имаа бројот 9.
Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, е страстен фан и навивачка на фудбалската репрезентацијата, а несомнено таа го привлече вниманието со својата горлива и емоционална поддршка на својата репрезентација на Светскиот куп во Русија.
Освен што навиваше за тимот, таа имаше и неколку средби на високо ниво за време на натпреварите, на кои им подаруваше дресови од репрезентацијата на „коцкестите“ на своите колеги.
Трамп и Путин ги примија своите подароци во одделни пригоди.
Путин на 7 јули доби дрес во Кремљ, само неколку часа пред неговата репрезентација да игра против Хрватска во четврт-финалето.
И бидејќи САД не успеаја да се квалификуваат на годинашниот Светски куп, хрватската претседателка ја искористи можноста да му подари дрес на американскиот претседател, Доналд Трамп, на маргините на самитот на НАТО во Брисел неколку дена подоцна.
Црвено-белите дресови со хрватското знаме ги имаа имињата на Трамп и Путин со бројот 9 на грбот.
Челниците на САД и Русија не биле единствените светски лидери што примиле вакви подароци. Во текот на состанокот на НАТО, Грабар-Китаровиќ ѝ подарила дрес и на британската премиерка Тереза Меј на денот кога англиската репрезентација играше против Хрватска во полуфиналето. Овој дрес исто бил со бројот 9!
Хрватската претседателка му подарила дрес и на папата Франциско за време на посетата на Ватикан пред три години. Синиот дрес исто така го имаше бројот 9, но имаше и единствена значка. На грбот го немаше само неговото име, туку и титулата. Ватикан има службен фудбалски тим, но не игра на големите турнири.
Колинда Грабар-Китаровиќ за време на Светскиот куп трипати леташе во Русија за да ги посети фудбалерите и менаџерот.
Хрватска на крајот го освои второто место кога на 15 јули изгуби од Франција со 4:2. Сепак, хрватските фудбалери се прогласени за херои по враќањето дома.
Текстот Случајно или не? Колинда им подари на Путин и на Трамп дресови со идентичен број е превземен од Reporter.mk.