Смртта на Ким Џонг Ун може да биде искра за почеток на граѓанска, а подоцна и светска војна

Смртта на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун би можела да биде причина за почеток на прво, граѓанска војна во самата земја, а подоцна да ја повлече и најмоќната воена сила САД, што би довело до светска војна пишува британски „Сан“.

Смртта на севернокорејскиот лидер може да ги присили САД и Јужна Кореја да почнат со воени активности кои би претставувале бледа сенка на она што се случува во Авганистан и Ирак, предупредуваат експертите.

Експертите се плашат дека празнината која ќе остане со смртта на Ким, може да еруптира во граѓанска војна во која ќе учествуваат сите воени единици во рамките на силната армија на Северна Кореја.

Регионалните известувачки сили велат дека секој хаос предизвикан од смртта на Ким, може да доведе до интервенција на Југот и на моќниот сојузник Америка.

Досега не е познато дали Ким успеал да ја преживее операцијата на срцето. Висок репортер во Белата куќа изјавил дека веќе се разгледува можноста за тоа кој би бил во линија за сукцесија.

Јужна Кореја и Кина изјавила дека веруваат дека извештаите за тоа дека Ким е во сериозна опасност, се неосновани. Висок официјален претставник од Пентагон изјавил дека Ким веројатно сеуште има целосна контрола над својата војска.

„Немам што да потврдам или негирам. Претпоставувам дека Ким Џонг Ун сеуште има целосна контрола врз Корејците, нуклеарната сила и корејските воени сили“, изјавил американскиот генерал Џон Хајтен.

Дејвид Максвел, полковник во пензија и постар соработник во Фондацијата за одбрана на демократите, објаснил дека работите можат да почнат да се одвиваат во сосема непосапуван правец.

„Единиците на Севернокорејската народна армија се натпреваруваат за ресурси и опстанок“, изјавил Максвел за „Воен Тајмс“.

„Ова би можело да доведе до внатрешен конгфликт меѓу единиците и може да ескалира во граѓанска војна“, објаснил тој.

Максвел стравува дека крвопролевањето во нуклеарната држава може да доведе до тоа Јужна Кореја да биде принудена во акција, влечејќи ги и САД во војна.

„Алијансата ќе треба да биде подготвена да ја обезбеди безбедна целата програма за нуклеарното, хемиско, биолошко оружје во складиштата, производствените капацитети и човечката инфраструктура“, изјавил Максвел.

„Ова е операција за вонредни состојби што ќе ги направи интервенциите во Авганистан и Ирак бледа сенка“, објаснил тој.

Предупредувањата на Максвел дојдоа откако кошаркарската легенда на Чикаго Булс, Денис Родман, откри дека се моли за својот пријател Ким, за брзо да заздрави.

„Се надевам дека вестите за здравјето на Ким се само шпекулации и дека маршалот не е болен. Се надевам дека брзо ќе дознаам. Сеуште има многу работа што треба да се направи меѓу двете земји“, изјавил Родман за „ТМЗ“.

 

 

 

 

 

 

„Ако Ким не се чувствува добро, јас се молам за негово брзо закрепнување. Сакам моите пријатели претседателот Трамп и Маршалот Ким да можат да продолжат кон мирен успех“, дополнил Родман.

Поранешната легенда на Чикаго Булс има долгогодишно бизарно пријателство со лидерот на Северна Кореја.

Во 2013 година, тој беше домаќин на серија кошаркарски изложби во непријателската држава на САД и беше првиот американски граѓанин кој лично го запознал Ким. Опишувајќи го нивниот однос, Родман за „Добро утро Британијо“ откри дека постојано се дружи со него.

„Се смееме, пееме караоке, правиме многу кул работи заедно, скијаме и јаваме коњи“, открил Родман.

Врховниот лидер на Северна Кореја (36) го пропушти славењето на роденденот на неговиот дедо Ким Ил-сунг на 15 април, кое најпрво предизвика шпекулации за неговото здравје, кога последен пат беше виден на 11 април.

Се до тој момент, тамошните служби тврдеа дека тој се опоравува во вилата во одморалиштето Хиансан, откако беше подложен на кардиоваскуларна хируршка процедура на 12 април.

Здравјето на Ким се влошило во последниве месеци поради пушењето, дебелината и прекумерната работа.

Сепак, извештаите кои излегуваат од непријателските линии, денес ги предизвикуваат гласините дека Ким веќе е мртвов или неспособен за да продолжи да ја води земјата.

Извор/Сан

Текстот Смртта на Ким Џонг Ун може да биде искра за почеток на граѓанска, а подоцна и светска војна е превземен од Reporter.mk.