Канадски астрономи преку Canadian Hydrogen Intensity Mapping Experiment снимиле мистериозни звуци од вселената, пренесуваат светските медиуми. Науниците за брзите радиобранови велат дека доаѓаат длабоко од вселената и дека не можат да го откријат нивниот извор. Научниците велат дека ги набљудувале изворите 400 дена.
Тие утврдиле дека изворот на емитувањето на сигналните е оддалечен 500 милиони светслосни години и дека ја утврдиле неговата специфична форма. Звуците ги нарекуваат FRB и означува брзо емитување на радиобрановите. Изворот ги емитува сигналите во траење од неколку милисекунди, па сè до еден час, на секои 4 дена.
Потоа активноста се прекинува на 1 ден. Следува повторно циклус од емитување од четири дена. На тој начин е утврден 16-дневен циклус. Некои од сигналните кои стигнале на Земјата биле еднократни, доаѓале без некаква шема. Некои се појавувале и по неколку пати, а сега астрономите се обидуваат да ја утврдат нивната шема.
Ова е првпат да бидат забележани ваков вид звуци. Научниците ја исклучуваат можноста дека станува збор за комуникација која се обидуваат да ја воспостават вонземјаните. Тие објаснуваат дека тоа што 16 дена се потребни за пораката да стигне на земјата е непрактично и неефикасно.
„Ова претставува значајно откритие. Потенцијално може да нè однесе во интересен правец во кој можеме да го откриеме изворот на овие повторени емисии“, изјавил Данкан Лоример, астрофизичар од Универзитетот на Западна Вирџинија.
Од првото откритие на ваквите емитувања во 2014 година, астрономите се обидувале да ја откријат формата на изворот, преку низа временски неправилните емитувања.
Доктор Леон Острум од Холандскиот институт за радиоастрономија вели дека можеби не ја знаат причината за сигналите, но можат со сигурност да кажат, што не е нивниот извор.
„Ако станува збор за пораки испратени од вонземјани, мислам дека звуците ќе биле емитувани побрзо, затоа што периодот од 16 дена за пораката биде испратена до Земјата не е ефикасен за комуникација. Замислете да добиете еден сигнал на секој 16 дена. Би ви била потребна вечност за разменување на пораките“, заклучил доктор Острум.
Текстот Снимени мистериозни звуци од вселената е превземен од Reporter.mk.