Сноуден за „Шпигел“ тврди дека странските служби шпионираат сè и секого

Поранешниот човек на ЦИА, Едвард Сноуден, кој работел и како советник во Државната агенција за безбедност на САД и кој предизвика голема контраверзи со изнесените тајни документи, со кои докажа дека САД извршиле хакерски напади на компјутери ширум светот, за германскиот неделник „Шпигел“, предупреди дека западните служби го прислушкуваат секој граѓанин кој има во посед мобилен телефон, лаптоп или компјутер.

Човекот кој ја прекина службата со американските служби, сега за повеќе германски медиуми предупредил на засилената контрола на интернетот од страна на западните известувачки служби. Сноуден изјавил дека се надева дека сега ќе може да добие азил и во Германија.

Веќе шест години минаа од скандалот кој го направи тој, со откривањето на тајните на американските западни служби, кои прислушкувале речиси сè и секого. Сноуден предупредува на демократскиот пресврт во Хонгконг, за кој тврди дека ќе биде срушен со исти методи, сеопфатно следење и набљудување, пишува „Дојче веле“.

Говорејќи за политичкото издигнување на американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Борис Џонсон, Сноуден тврди дека секаде во светот, политичарите и претприемачите ја имаат разбрано моќта на технологијата и интернетот и дека можат да ги искористат истите за да влијаат на светот на едно повисоко ниво.

Сноуден тврди дека техничкиот развој на интернетот стана опасно алатка во рацете на малкумина моќници.

„Во светот на тотално набљудување и следење, во кое би се гонело секое кршење на законот, без ниту еден исклучок, тогаш сите луѓе би станале криминалци“, изјавил Сноуден, барајќи да се прекине со масовното собирање на информации и шпионирање по интернет мрежата.

Сноуден покрај тајните служби, туку и за социјалните мрежи како што се „Фејсбук“ и „Гугл“.

Поранешниот американски известувач вели дека првиот чекор на луѓето е дека мора да им стане јасно колку се истите следени во секој нивен сегмент од животот.

„Доколку никој не развие некаква алтернатива, тогаш јас ќе ја развијам“, изјавил Сноуден за „Шпигел“.

 

„Дојче Веле“ потсетува дека Сноуден во САД е обвинет за предавство. Во обидот во 2013 година, од Хонгконг да стигне во Еквадор е зпрен на аеродромот во Москва, затоа што САД го поништиле неговиот пасош. Сноуден во Русија му бил одобрен азил, кој во моментов истекува до следната 2020 година.

„Ми беше драго што добив политичка заштита од Германија и Франција. И таму поднесов барање за азил. Но, тамошните власти бараа причина да ме одбијат“, изјавил Сноуден во интервју за весникот „Велт“.

Сноуден е убеден дека во Германија денес тој би можел да добие азил, без поголеми последици по односите на Берлин и Вашингтон. Сноуден е убеден дека еден ден ќе може да се врати во САД. Сноуден смета дека обвинувањата дека ја загрозил националната безебдност во меѓувреме не можат да бидат сватени за сериозни.

Причината поради која, најпознатиот светски известувач, поторно е присутен во германскиот печат е неговата нова книга Permanent Record.

 

Текстот Сноуден за „Шпигел“ тврди дека странските служби шпионираат сè и секого е превземен од Reporter.mk.