Поранешен соработник на Бијонсе излезе во јавност со бизарна теорија во која тврди дека сестрата на светската музичка ѕвезда, Соланж Ноулс е всушност ќерка на Бијонсе, пишува „Мирор“.
Изворот тврди и дека светската музичка ѕвезда лаже за годините на раѓање и дека нејзиниот вистински роденден е 4 септември 1974 година. Пријателот на Бијонсе тврди дека родителите ги одгледале двете како сестри, затоа што Бијонсе била премлада за да биде мајка.
„Роднината на Бијонсе ми кажа дека Соланж е нејзината ќерка. Тоа ми го кажа во доверба додека зборувавме за тинејџерските денови. Таа не е саркастичен тип и се сомневам дека би измислила нешто вакво скандалозно за свој роднина“, вели изворот.
Дека Бијонсе лаже за своите години, потврдува и изјавата на актерката Габриел Јунион, која изјавила дека таа и пејачката се знаат уште од тинејџерските денови. Ако Бијонсе е родена во 1981 година, како што вели дека е тогаш е невозможно во исто време двете да биле тинејџерки. Разликата меѓу нив е девет години“, изјавил изворот.
Текстот Соланж Ноулс ѝ е ќерка на Бијонсе, тврди поранешен соработник на пејачката е превземен од Reporter.mk.