Сопругата на Ким Џонг Ун наредила да се убие неговата љубовница

опругата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ри Сол Ју, наредила да се убие неговата љубовница Хионг Сонг Вол, сметаат некои теоретичари на заговор. Според нив, Ри наредила, девојката да биде убиена пред нејзините родители, а тие да бидат однесени во затвор.

Некои од заговорниците сметата дека Ким, самиот ја издал наредбата поради љубомора. Сепак многумина тврдат дека Ри е таа која го имала главниот збор во ваквата одлука.

За севернокорејскиот лидер во јавноста можат да се слушанат разни пикантерии и шпекулации. Од тоа дека си го убил сопствениот брат и тетка, за да не му пречат во владеењето, па се до тоа дека се забавувал со голем број проститутки, па дури и млади девојки, тинејџерки, кои ги наоѓал во школите.

Ким ја сакал музиката. Тој еден период бил заљубен во една од девојките, која учествувала во оркестар во Северна Кореја. Љубовната врска меѓу Ким и Хионг Сонг Вол се случила во 2007 година.

Се верува дека таа, заедно со уште 12 други познати музичари, биле однесени пред стрелачки вод на 20. август 2013 година, додека нивните семејства, биле присилени да гледаат како ги убиваат.

Подоцна семејствата биле однесени во затвор, а од тогаш ниту се видени, ниту никој ништо повеќе не слушнал за нив. Некои веруваат дека Хион настрадала по наредба на сопругата на Ким, или пак и пресудила порнографската снимка од некои од оргиите кои ги правел Ким.

За тоа во јужнокорејските медиуми, говорела една танчерка, која успеала да побегне од Северна Кореја. Многумина во јавноста шпекулираат дека неговата сопруга Ри Сол Ју, е жена која го трпи неговото иживување и оргии.

Во земјата постои таканаречена Петта дивизија, харем од околу 2000 жени кои имаат задача да ги забавуваат партиските функционери и ако е потребно и се побара тоа, да спијат со нив. Ваквата пракса постои уште од времето на Ким Лу Сунг, кој својата улога на татко на нацијата, ја сватил буквално.

Наводно, и самиот Ким Ли Сунг, ги користел услугите на танчарките и проститутките и со нив имал голем број на вонбрачни деца. Со истата пракса продолжил и Ким Јонг Ун. Оргиите наводно се организирале со девојчиња кои биле девици. Некои од нив имале само 13 години.

Војници доаѓале да ги земаат девојките уште додека оделе во школи. Им се заканувале ништо да не кажуваат на нивните родители. Војниците прво ги носеле на лекар, за да утврдат дали се девици. Ако се, тинејџерките стануваат таканаречени, единица за задоволство. Таму ја добиваат титулата забавувачи за возрасни.

Тие им стојат на располагање на државната и воена елита. Девојките најчесто ги бараат државни агенти, кои во школите бараат исклучиво високи, убави и млади жени, кои имаат желба да тренираат во хотелот во Пјонгјанг.

За Ким неодамна се шпекулираше дека е мротв, по операцијата на срцето. Последен пат лидерот на Северна Кореја беше виден на отворањето на фабрика за ѓубриво, но до ден денес Американците не се убедени дека тој е жив, поради тешкиот пристап во земјата и можноста за да дознаат какви било информации за неговото здравје.

 

 

Текстот Сопругата на Ким Џонг Ун наредила да се убие неговата љубовница е превземен од Reporter.mk.