Сорос ја финансира Грета Тунберг

Синот на бразилскиот претседател Жаир Бослонар, Едуардо Болсонаро, ја обвини шведската тинејџерка Грета Тунберг, дека е финансирана од Фондацијата за отворено општество на Џорџ Сорос.

Едуардо на „Твитер“ објави фотошопирана фотографија од шведската активистка, како јаде во воз, додека низ прозорот ја гледаат сиромашни деца.

„Го украдовмте моето детство“, вели девојчето кое го финансира Отворено општетво на Џорџ Сорос“, напишал Болсонаро на фотошопираната фотографија.

На оригиналната фотографија, Тунберг е снимена како јаде во воз, а низ прозорот се гледа шума. Во описот на таа фотографија стои: „Ручек во Данска“.

 

Болсонаро наместо шумата, направил фотошоп од сиромашни деца, поради што налета на мета на бројни критики. Сенаторката од Бразил оценила дека станува збор за неодговорна постапка на Болсонар и му порача дека ќе размисли дали ќе ја земе во предвид неговата пријава за место на нов амбасадор на Бразил во САД.

Лажните вести денеска се зло со кое мораме да се бори во секое демократско општество во светот, изјавила сенаторката и го повикала Болсонар да ѝ се извини на Тунберг, Бразил и другите земји.

 

Текстот Сорос ја финансира Грета Тунберг е превземен од Reporter.mk.