Милијардерот и филантроп Џорџ Сорос истакана во петокот дека има решение за послеиците од пандемијата со коронавирусот. Тој истакна дека опасниот вирус претставува закана по опстанокот на Европската унија и се заложи за издавање на европски обврзници, пренесува српски Курир.
Сорос изјавил дека ЕУ би требало да има кредитен рејтинг ААА, за издавање на такви обврзници, поради што би требала да биде овластена за собирање на даноци за да ги покрие трошоците на обврзниците.
„Постои решение“, изјавил Сорос, американскиот инеститор, кој се прослави со успешната кладба против фунтата во 1992 година.
„Даноците само треба да бидат одобрени. Не треба да бидат имплементирани“, додал Сорос, а пренесува „Б91“, повикувајќи се на „Јутарни лист“.
Запрашан за брегзит, Сорос вели дека особено го загрижува растот на евроскептицизмот во Италија.
„Што би останало од Европа без Италија?“, одговорил Сорос.
„Релаксирање на правилата во државната субвенција, која ја фаворизира Германија, особено е неправедно кон Италија, земја која веќе беше европски заболена, а потоа и најпогодена држава од ‘Ковид-19’“, изјавил Сорос.
Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, во понеделникот предложиле основање на фонд од 500 милијарди евра, за најтешко погодените региони и економски сектори во ЕУ.
Притоа, како што е нагласено, се работи за финансиска помош, а не за кредит. Европската комисија ова треба да го финансира преку заеднички обврзници.
Франција и Германија, чии договори обично отвораат пат преку пошироки договори во ЕУ, предложиле Европската комисија да позајми и потроши пари, во име на целата Европска Унија и како додаток од буџетот на ЕУ, за периодот од 2021 до 2027 година, кој веќе изнесува околу една милијарда евра.
Против ваквиот фискален одговор, се штедливите членки на ЕУ, Австрија, Холандија, Данска и Шведска. Австрискиот канцелар најави дека наведените земји ќе го изнесат својот противпредлог.
Текстот Сорос нуди решение за последиците од коронавирусот, некои заговорници сметаат дека не треба да го послушаат е превземен од Reporter.mk.