Србин ги предупредил Американците за нападот на Перл Харбор

Србинот Душко Попов бил човекот кој ги предупредил Американците за нападот Перл Харбор, или Операцијата Хаваи како што ја нарекувале во Царскиот јапонски генерал-штаб. Но, предупредувањата на српскиот таен агент не биле сватени сериозно од страна на Американците.

Душко бил еден од најуспешните шпиони за време на Втората светска војна. Многупати се нашол во улога на двоен агент и  уживал голема доверба кај Черчил и Хитлер. Многумина сметаат дека Попов бил инспирација за британскиот писател Ијан Флеминг во создавањето на прочуениот агент 007, Џејмс Бонд.

Животот на Душко Попов бил полн со опасности. Постојано бил на релација Лисабон (град кој бил седиште на европската шпионажа во тоа време) и Лондон, (градот каде што Британците редовно поднесувале извештаи за германските планови и добивале лажни информации што требало да му  ги подметат на Рајхот).


Некаде во таа комуникација, Попов стигнал во посед на неверојатен податок. Јапонците во 1941 година се интересирале за можноста за полетување на бомбадери од бродови на носачи на авиони, а Попов од известувачките служби добил задача да замине во САД ѝ да собере информации за пристаништето Перл Харбор.

Попов веднаш откако пристигнал во Америка, сватил каква им била намерата на Јапонците ѝ веднаш им ги пренел информациите во ФБИ. Неговите предупредувања за нападот не биле сватени сериозни, а директорот на агенцијата на ФБИ Џон Едгар Хувер, покажал отворено непријателство кон Попов.

„Хувер на повеќе начини бил исклучителен човек. Веројатно бил хомосексуалец, мразел странци, а особено Душко. Мразел се во врска со Душко“, изјавил Расел Милер, британски автор и новинар кој го истражувал животот на агентот од Србија.

Приемот на Попов во ФБИ бил студен, а во неговата приказна Хувер не поверувал. Неколку месеци подоцна, на 7 декември 1941 година, веројатно се покајал, но било предоцна.

 

 

Текстот Србин ги предупредил Американците за нападот на Перл Харбор е превземен од Reporter.mk.