По продажбата на личните работи на Нил Армстронг, теоретичарите на заговор изнесоа мислење дека тој не бил првиот човек кој чекорел на Месечината.
Поединци тврдат дека Американците никогаш не биле на Месечината, а како објаснување за своите тврдења ги наведуваат отпечатоците на Армстронг на Месечината кои не се соодветни со големината на чизмите што ги носел.
Фотографијата што ја направил астронаутот Фил Плаит го покажува прочуениот костум на Армстронг со кој астронаутот чекорел на Месечината.
Кога ја споредиле фотографијата со неговите чизми и фотографијата на отпечатоците што ги оставил Армстронг на површината на Месечината, теоретичарите на заговор почнале да шират голем број теории.
Нил Армстронг бил познат американски пилот и астронаут. Првиот човек кој зачекорил на Месечината. Починал во 2012 година, само 20 дена по неговиот роденден.
Неговите лични предмети се продадени неодамна на аукција за повеќе од 7,4 милиони долари. Аукциската куќа „Херитиџ“ во Далас соопштила дека неговата идентификациска значка од лунарниот модул Аполо 11 е продадена по највисоката цена од 468.000 долари .
Дел од пропелерот и дел од крилото на авионот на браќата Рајт се продадени за цена од 275.000 долари. Првиот астронаутски костум што Армстронг го носел во мисијата во 1966 година е продаден по цена од 109.375 долари.
Освен тоа, на посебна аукција продадена е и златната авијатичарска кацига на Џон Глен, првиот Американец кој со летање ја обиколил Земјата. Била продадена за 46,250 долари.
Текстот Стапките на Армстронг на Месечината не одговараат со големината на неговите чизми е превземен од Reporter.mk.