Опасноста од избивање на нуклеарен конфликт е најголема досега по избивањето на Втората светска војна и по ова прашање, светот мора сериозно да се позанимава, предупредуваат експерт за безбедност од Обединетите нации.
Рената Дван, директорката од Институтот за истражување и разоружување на Обединетите нации, изјавила дека сите државни со нуклеарно оружје имаат програми на нуклеарна модернизација. Ситуацијата со контролата на оружје се менува, делумно и поради стратешката трка меѓу Кина и САД смета Рената.
„Традиционалните договори за контрола на вооружувањето се нарушуваат, затоа што се јавуваат нови типови на војни. Растат бројот на вооружени групи и приватни сили и поради тоа новите технологии ги бришат границите меѓу нападот и одбраната“, вели Рената.
Откако разговорите за вооружување се во застој, веќе две децении, 122 држави потпишале договор за забрана на нуклеарно оружје, делумно поради фустрациите, а делумно поради препознавање на опасноста, истакнува Рената.
„Време е да си признаеме, а медиумите пропуштија да го стават во жижата на јавноста ова прашање, дека опасноста од нуклеарна војна сега е особено висока, а опасноста од користење на нуклеарно оружје, поради некои од факторите ко ги наведов, се најголеми досега од Втората светска војна“, вели Рената.
Договорот досега го ратификувале 23 од вкупно 50 држави колку се потребни за да стапи на сила. На договорот, остро се противат САД, Русија и други земји кои поседуваат нуклеарно оружје.
Куба исто така го ратификуваше договорот во 2018 година, односно 56 години од ракетната криза во која светот беше најблиску до нуклеарна војна. Светот 13 дена беше во студена војна треперејќи од нуклеарниот конфликт меѓу Москва и Вашингтон. Светот не би смеел да ја занемери опасноста од нуклеарното оружје, смета Рената и оценува дека ова е итно прашање со кое Советот за безбедност во Обединетите нации, не се занимава доволно.
Извор/Euronews
Фото/ Profimedia
Текстот Светот никогаш не бил поблиску до нуклеарна војна велат од ОН е превземен од Reporter.mk.