Нашата Земја ќе остане без питка вода! Ова го говорат научниците на НАСА кои го алармираа светот, додавајќи дека 37 најголеми водени базени на светот, сега се сооочуваат со недостаток на вода поради тоа што ја минаа својата точка на одржливост. Односно од нив е искористено повеќе вода отколку што по природен пат може да биде надоместена.
Жеден си? Епа тогаш плати! Ова може да биде нашата скорешна иднина. Но не ли ви е чудно што вселенската агенција НАСА почна да се занимаваат со земјени работи?
Мораме да признаеме дека многу луѓе не знаат дека НАСА настанала на темел на поранешни нацистички научници кои преку тајните операции „Спојалица“, се доведени по Втората светска војна од Германија во САД, со една единствена причина. Русите да не стигнат први до нив.
Значи можеме да кажеме дека НАСА е екс-нацистичка агенција која инаку никогаш немала поврзаност со истражувањето со вселената, туку со ракетниот штит и одбраната на САД и кога таа предупредува на недостаток на вода, дали може да и се верува?
Калифоронија е најзагадена со ГМО отрови, но е погодена и од страшни суши, а како што прогнозираат начниците, за неколку години ќе остане и без питка вода. Во критични состојби се и Индија, Пакистан, Северна Африка, каде другите опции за набавка на вода се ограничени.
Научниците предупредија дека водата станува исклучително важен ресурс за кој ќе се војува во блиска иднина. Ваквите предупредувања стануваат уште пострашни со оглед на направениот договор на ТИСА, со кој 50 држави во светот се одрекуваат од правото на вода, во корист на разни корпорации и моќници како моќникот Ивица Тодориќ во Хрватска. Тој во земјата веќе го држи во рака овој природен ресурс, нешто за што граѓаните не се ни свесни за тоа.
За ваквиот проблем граѓаните во Хрватска станаа свесни дури по поплавите во 2014 година, кога очигледно беше дека земјата нема свои природни извори на вода. Донациите со вода исклучиво биле направени од страна на Тодориќ, а тогаш од министерствата на Хрватска објасниле дека всушност сите хрватски извори биле приватизирани, на директен или индиректен начин. Но тоа не е ни важно. Фактот останува дека по тешката катастрофа, на виделина излезе застрашувачката вистина, а тоа е дека Хрватите, што се однесува до водата, тие ја немаат. За време на поплавите во 2014 година, никој не реагираше на ваквите информации, а нема ни сега да реагираат, се додека еден ден, на оние на врвот од пирамидата, не им се запуши изворот.
Со оглед на тоа дека приватизирањето на целата вода во светот се одвива во целосна медиумска тишина, човештвото полека останува на милост и немилост на елитата. Што се однесува до водата, ова предупредување на НАСА воопшто не зачудува. Всушност, се повеќе се чини дека НАСА заедно со изумителите на ТИСА, заедно работат на подготовката на терен за одземање на еден од главните услови за опстанокот на човекот, водата.