Таинствена радио станица која ги излудува Русите и теоретичарите на заговор

Тајна радио-станица во Русија преку 40 години емитува бел шум. Понекогаш може да се слушнат броеви, имиња и зборови кои никој не ги разбира. Дали е во прашање тајна воена база, машина на Судниот ден или вонземјани од космосот кој комуницира со својата матична планета никој не знае.

Руската станица која носи ознака UVB-76 (MDZhB) повторно го привлекува вниманието на медиумите. Радио слушателите и дадоа надимак „Зујалица“, затоа што преку 40 години емитува сигнали во кои има многу монотоно зуење и пиштење.

Понекогаш низ белиот шум се пробива машки глас и се изговараат имиња, бројки и чудни зборови. Судејќи според координатите, сигналот доаѓа од населба во близина на Москва, но сега истиот е преселен на подрачје кое не се наоѓа така далеку од градот Санкт Петербург.

“UBV-76, UBV-76-93 882 НАИМИНА 72 14 35 74 – 93882 Николај, Ана, Иван, Михаил, Иван, Николај, Ана, 7, 4, 3, 5, 7, 4,“ тоа е типична вест за ваквите сигнали, зујалици кои ретко можат да се слушнат.

Обично се слуша само бел шум. Радио-аматерите ги следат овие бранови должини и ги споредуваат со ужасниот предавател од ТВ серијата „Изгубени“ или со атмосферата во филмовите за зомби-фашисти, како филмот „Бункер. Зујалицата може да се користи за плашење на деца. Таа многу е вознемирувачка и за оние кои очекуваат да се појави НЛО. Но, за оваа аномалија веќе се појавија неколку рационални објаснувања.

Теорија број 1: Тајна шпионска станица

Оваа теорија е поткрепена со фактот дека слични вакви станици постојат и во други земји. На пример, британската станица „Линколншајр Поачер“ или „Чери Рајп“, кои емитуваат сигнали од Австралија.

Сите тие работат на кратки бранови должини и емитуваат сигнали на голема оддалеченост. Овој вид на сигнал го користат бродови, подморници и авиони. Овој сигнал може да се фати и на друга хемисфера.

Двете споменати станици се појавиле во исто време во период на конфронтација меѓу советскиот и американскиот воен блок. Се чини дека го користат истиот принцип на шифрирање. Личностите кои испраќаат порака користат код кој го знае само примателот. Случајни минувачи кои ќе го слушнат звукот ќе мислат дека тоа што го слушаат е чиста обична глупост.

На пример, во 2016 година, во текот на сите 12 месеци емитување на „програма“, можело да се разберат 30 руски зборови меѓу кои и изрази со значење „билијар“, „Кујнски намештај“, „атол“, „земјоделски експерт“ и „балкон“.

Теорија број 2: Судниот ден и нуклерна војна

Поборниците на оваа теорија сметаат дека мисијата на зујалицата се состои во мирување се додека некој не ја активира во случај на нуклеарна војна. Таа како што тврдат тие е дел од противракетен систем „Пераметар“ (познат и како „Мртва рака“) и може да биде една од неговите станици за мониторинг или резервен комуникациски систем.

Ако се појави нуклеарна експлозија, MDZhB веднаш ќе ги провери преку мониторинг мрежата можните сензори. Потоа ќе испрати сигнал до Генералниот штаб и доколку нема одговор (системот во тој случај претпоставува дека луѓето кои ја издале наредбата се мртви и дека стигнал судниот ден) тогаш испраќа сигнал до подморниците и авионите за да извршат нуклеарен напад.

За 40 години сигналот на зујалицата само еднаш е прекинат, и тоа во јуни 2010 година додека веќе наредниот ден повторно се појавил како ништо да не се случило. Руските вооружени сили во 2011 година, соопштиле дека системот „Периметар“ функционира и е подготвен за борба.

Теорија број 3: Воена комуникација

Оваа теорија е најмалку интересна. Наводно радио-програмата е само систем врска која армијата ја кроисти во западниот дел на Русија. Шифрираните соопштенија, се наредени кои ги испраќаат воените одделенија, а монотното зуење е само маркер чија цел е да ја пополни брановата должина како никој не би можел да ја користи.

Слушателите во 2010 година во тоа сивило приметиле дека станицата го променила местото од каде се емитува сигналот, и тој повеќе не се наоѓа во московската приградска населба Поварово, туку во Ленинградската област. Подоцна љубопитните слушатели во шумско подрачје, откриле напуштен објект, со срушени бетонски столбови за бакарни жици. Покрај туристи, тука имало и луѓе кои собирале бакар.

Оваа теорија сепак не ги задоволува луѓето кои веруваат во супертајни мисии. Тие и понатаму ревосно го слушаат таинствениот шум и дискутираат за него во групи.

„На почетокот место шума, неколку пати се слуша тон, прво висок па понизок. Потоа се слуша забавен звук, како кога работи стар касетофон, а батериите му се при крај. Зуењето значително се забавува, а потоа исчезнува. Слушателите велат дека очекувале да има некаква програма, што не било случај. По пет минути, се слуша клик и тоа неколку пати, а потоа повторно почнува гласното зуење.

 

 

 

Текстот Таинствена радио станица која ги излудува Русите и теоретичарите на заговор е превземен од Reporter.mk.