Тајни снимки ја откриваат најголемата љубов на принцезата Дајана

Иако принцезата Дајана не го изговорила неговото име, јасно е дека се работи за нејзиниот некогашаен телохранител Бери Манахиј.

Принцезата Дајана во тоа време била мажена за принцот Чарлс, но ни неговиот однос кон неа не бил најасен, па го опишувала како топол-ладен.

„Кога имав 24 или 25 години, бев многу заљубена во некој кој работеше во ова обезбедување. Но тој беше брзо отстранет, а потоа и убиен. Мораше да си замине, а три недели подоцна загина во сообраќајка со мотор. Тој беше најголемата љубов која ја имав“, раскажа Дајана во едно свое интервју за медиумите.

Бери Манахиj бил полицаец и нејзин телохранител околу година дена за време на средината на 80-те години од минатиот век. Потоа бил префрлен на друго работно место.

Имал 39 години кога во 1987 година загинал додека на мотор се возел со негов пријател. Се удрил во автомобил. Неговиот пријател преживеал, а возачот на автомобилот парично бил казнет. Случајот бил прогласен за несреќа.

Сепак, се чини дека Дајана верувала дека неговата смрт не е случајна и ека е поврзана со нивната афера.

На филмот, кој настанал во 1992 и 1993 година, Дајана раскажала и за принцот Чарлс, со кого се видела само 13 пати пред да се венчаат.

Говорејќи за нивната втора средба, таа изјавила дека тој навалил на неа како „осип“.

„Ме бараше секој ден, а потоа со недели ништо. Не беше доследен во своето додворување“, раскажала Дајана.

Принцезата раскажала и како принцот Чарлс наеднаш се „оладил“ и дека бракот им бил без страст и активен сексуален живот.

 

 

 

Текстот Тајни снимки ја откриваат најголемата љубов на принцезата Дајана е превземен од Reporter.mk.