Теориите на заговор за филмот „Сам дома“ од 90-те години стануваат се полуди и полуди. Еден корисник на Редит јавно прашува од каде семејството на главниот актер Кевин Мекалистер има толку многу пари. Тој истовремено заклучува дека сигурно таткото на Кевин, Питер Мекалистер е некаков криминалец.
Во филмот никогаш не објасниле со што се занимава таткото на Кевин и како тој може да си дозволи скапи одмори и голема семејна куќа. Особено ако се земе во предвид дека неговата сопруга не работи, а имаат пет деца.
Најновата теорија е дека Питер Мекалистер се занимава со нешто нелегално.
„Сам дома“ е еден од моите омилени филмови и сум го гледам милион пати. Но почнав да приметувам некои работи кои не ми паднале на памет како дете. Една од тие работи е и идејата дека таткото на Кевин се занимава со некоја матна работа. Мојата теорија е дека тој е криминалец или мафијаш од среден ранг“, тврди корисникот на Редит.
Тој понудил и неколку дообјаснувања на својата теорија:
„Прв пат го гледаме Питер кога Хари доаѓа во неговата куќа како полицаец. Питер на средбата се однесува многу дефанзивно. Хари го прашува кој е сопственик на куќата, а Питер веднаш се вознемирува и си мисли дека на повидок е некаква невоља. Постојано е нервозен додека разговара со Хари“, тврди корисникот на Редит.
Како втора причина го наведува фактот дека е прилично чудно што неговата работа не се споменува никогаш во филмот.
„Не се споменува ништо за тоа што тој го работи. Дури и во книгата која е напиша според филмот, пишува дека се заниава само со некој бизнис. Што претставува матно објаснување.Питер очигледно заработува доволно пари за да неговата сопруга не мора да работи, иако имаат пет деца. Нивната куќа исто така мора да вреди барем 1,5 милиони долари“, вели корисникот на Редит.
Дури и однесувањето на членовите на семејството одат во прилог на неговата теорија.
„Мајката на Кевин е ладна и емотивно мртва која му говори страшни работи на осумгодишниот син. Баз е психопат кој веројатно ќе ги следи стапките на неговиот татко. Вујко Френк очигледно е некаков измамник. А тука е и Кевин кој смета дека е во ред да ги убие двајцата арамии кои се обидуваат да го ограбат. Не мислам дека неговата идеја била само да ги онеспособи. Кевин сакал крв. Кога имав осум години, совршено бев свесен дека ако фрлам цигла на некого во глава, од шест метри, тој може да умре“, заклучил корисникот на Редит.
Текстот Таткото на Кевин од Сам дома бил криминалец е превземен од Reporter.mk.