Тим антрополози ја открија смислата на статуите на „Велигденскиот остров“

Изгубената цивилизација на „Велигденскиот остров“ по се изгледа имала за цел да ги бира локациите за моаи главите, кои пак сигнализирале каде има достапна свежа вода.

Карл Липо, антрополог кој минал речиси 20 години проучувајќи го народот Рапа Нуи и неговото настанување на „Велигденскиот остров“ се обидел да дознае како таа популација била во состојба да преживее покрај толкаво ограничување на плитка вода.

Низ целиот остров има многу мал пристап до свежа вода и има многу мал број на врнежи во текот на годината. Многумина се прашуваат како е можно на овој остров да преживее цивилизација од 20.000 луѓе?

За да открие, Липо и неговите колеги Мет Бекер и Тања Бронсон, од калифорнискиот Универзитет „Лонг Бич“, спровеле студија барајќи како тамошните жители можеле да користат подземни солени води кои извирале покрај брегот. Оваа вода била посолена од обичната вода, но не била како морската.

Истражувањето кое били објавено во списанието „Хидроложи“ открива дека луѓето на островот преживеале пиејќи ја оваа солена вода, која ја собирале од брегот.

Две подрачја на истражување укажуваат на локација на солена вода, но и плитка вода од брегот. Иако подземните извори на вода имале лош квалитет, сепак биле доволно за да ја снабдат целата популација. Она што е интересно е локацијата на изворот на вода и позицијата на статуите на „Велигденскиот остров“.

Моаи главите биле поставени на места каде плитката вода била достапна. Статите, кои достигнуваат и до 9 метри височина, биле избраните од вулкански пепел. Севкупно ги има околу 900. Биле изградени во периодот меѓу 1200 и 1600 година. Откако Европјаните пристигнале на островот во 1700 година, тие биле срушени од земјотрес.

Зошто народот Рапа Нуи ги изградил статуите и која била нивната цел, никогаш во целост се нема откриено. Се мислело дека станува збор за симбол на религијата и политичка моќ, претставувајќи ги предците на Полинезија. Најголемиот број на статуи бил лоциран на брегот на островот.

„Сега кога знаеме повеќе за локацијата на водата и локацијата на монументите дава огромна смила. Тие се поставени на места каде има свежа вода“, се вели во соопштението.

Тимот се обидува да ја открие поголемата врска меѓу статуите и водата.

„Колку повеќе пребарувавме, толку повеќе ја наоѓавме поврзаноста. Местата без статуа немаа свежа вода. Поврзаноста постои и сега е докажана. Дури и кога наоѓавме статуи во внатрешноста на островот, таму пронаоѓавме извори на плитка вода. Тоа беше изненадувачки“, вели Липо.

Тој вели дека прашањето, зошто главите биле поставени токму на тие места, била една од клучните мистерии на оваа цивилизација.

„Помисливме дека ваквите големи споменици биле поставени на места за да бидат видени од надворешниот свет. Ова според мене, нема смисла“, изјавил Липо.

„Поврзувањето на статуите со изворите на вода, ни дава увид да разбереме како оваа цивилизација успеала да си обезбеди себе си опстанок“, се наведува во извештајот.

Цивилизацијата „Рапа Нуи“ се распаднала откако пристигнале Европјаните. Се верува дека голема улога во нивното исчезнување одиграле и појавата на страшни болести за време на експлоатацијата како робови во 1860 година.

Липо изјавил дека полека неговиот тим ги склопува коцките мозаик за мистеријата на „Велигденскиот остров“.

Користејќи го знаењето од хидрологијата, како што вели тој, им бил осигуран голем чекор напред во откривањето на тоа како се живеело на „Велигденските острови“, и каков бил животот на цивилизацијата „Рапа Нуи“.

„Биле генијалци во тоа да го трансформираат овој изолиран остров, со ограничени природни ресурси, во место во кое може една заедница да се снабдува повеќе од пет века“, вели тој.

„Предците на Рапа Нуи“, биле мудри и треба сите да учиме од нив“, вели Липо.

 

 

Текстот Тим антрополози ја открија смислата на статуите на „Велигденскиот остров“ е превземен од Reporter.mk.