По појавата на две одвоени епидемии компанијата Мекдоналд била присилена да прекине со продажбата на салати во 3000 ресторани во 14 држави во САД, наведуваат официјалните лица од сојузните здравствени служби.
Бројката на заболени изнесувала 163 лица во 10 држави. Тие биле заболени од конзумација на салатата од Мекдоналд. Компанијата Мекдонад е водечки светски дистрибутер на ГМО храната. Агенцијата за храна и лекови (ФДА) во моментов работи со Мекдоналд за да ги открие состојките со кои се прави салатата, од која луѓето се разболуваат.
Како мерка за претпазливост, Мекдоналд престанал да продава салата во обид да се намали понатамошното ширење на епидемијата, велат од ФДА. Илиноис, Ајова, Индијана, Висконсин, Мичиген, Охајо, Минесота, Небраска, Јужна Дакота, Монтана, Северна Дакота, Кентаки, Западна Вирџинија и Мисури, биле земјите кои биле погодени од епидемија, пишува Си-Ен-Ен.
Центарот за контрола и првенција на болести (ЦДЦ) забележале 237 случаи на цикоспориаза кај луѓе кои наводно конзумирале свеж зеленчук од Мекдоналд. Извештаите пристигнувале од четири држави. Минесота, Висконсин, Мичиген и Ајова. Седум лица биле хоспитализирани. Немало пријавени смртни случаи.
Според ЦДЦ, паразит во зеленчукот бил причина за појавата на цревната болест кај заболените.
Симптомите можат да се забележат по една или повеќе недели. Тие вклучуваат чести проливи, а понекогаш и експлозивни движења на цревата.
Заразените лица можат да доживеат губиток на апетитот, губење на тежината, грчеви или болки во стомакот, мачнина, гасови и замор, како и повраќање, главоболка, зголемена телесна температура, болки во телото и симптоми слични на грипот.
Болеста може да трае и до неколку дена.
Од Мекдоналд негирале дека користеле сомнителни состојки. Сепак многумина се сомневаат во ваквите тврдења и сметаат дека некои сомнителни „состојки“ ги има во зеленчукот и дека тие можат да се откријат само во научните експерименти под микроскоп, но не и во чиниите на децата.
Во текот на кампањата „Наша храна, Ваши прашања“, Мекодоналд признал дека во своите хамбургери го употребува адитивот азодикарбонамид. Истиот е пронајден и во подлогите за јога.
Текстот Токсична салата од Мекдоналд предизвикала епидемија во САД е превземен од Reporter.mk.