Трамп ќе доживее атентат, британски психолог се повикува на Нострадамус

Според британскиот психолог Крејг Хамилтон Паркер, кој е и уредник на интернет-страницата Psyhucs.co.uk, најголемиот пророк на сите времиња Нострадамус предвидел дека за време на вториот мандат американскиот претседател Доналд Трамп ќе доживее обид за атентат.

Паркер објаснува дека на најмоќниот човек на планетата му следи бурна и насилна година. Според психологот, Нострадамус покрај обидот за атентат врз Трамп, предвидел и голем конфликт што ќе се случи на Блискиот Исток и обновување на односите меѓу САД и Русија, во периодот меѓу 2019 и 2020 година.

„Верувам дека Трамп ќе добие уште еден мандат, но Нострадамус предвидел дека во тој период некој ќе се обиде да изврши атентат врз него“, изјавил Паркер.

Паркер вели дека Трамп ќе се обиде да склопи некаков договор со Путин. Таквиот договор наводно ќе се одрази и на договорот на Трамп со Северна Кореја, кој беше потпишан на самит во јуни 2018 година меѓу Северна Кореја и САД.

„Исто така чувствувам дека првите удари на Блискиот Исток ќе ги почувствуваме во 2019 година. Но, тоа нема да биде војна до истребување“, објаснил Паркер.

Една работа која Настрадамус не ја предвидел е резултатите или ефектите од гласањето за брегзит. Паркер е еден од луѓето кои го предвиделе брегзит и вели дека е изненаден што ваквиот настан е изоставен од пророштвата на Нострадамус.

Паркер вели дека овој настан го предвидел уште во септември 2017 година, а премиерката Тереза Меј ќе се обиде да ја одржи моќта додека Британија не ја напушти Европската Унија. Но, брзата промена на лидерството во Конзервативната партија ќе добие ново лице кое ќе ја води Владата.

„Она што е најнеобично во предвидувањата на Нострадамус е дека тие немаат никакви референци на брегзит. Го предвидувам брегзит во мај, во последните минути на избор за лидери. Тогаш ќе дојдеме до избор меѓу лидерот Дејвид Дејвисон и Борис Џонсон, како предводници. Џонсон ја доби круната. Ќе видиме и појава на нови партии, како што и претходно предвидов“, изјавил Паркер.

Паркер не ја отфрла опцијата дека Нострадамус не ги предвидел овие настани со Британија, Франција и Европа, затоа што тие никогаш и нема да се случат.

Следбениците на Паркер веруваат дека Нострадамус го предвидел големиот пожар во Лондон 1666 гогина и падот на Адолф Хитлер на влас. Но, критичарите тврдат дека предвидувањата на Нострадамус се премногу нејасни за да се сметаат за вистинити и дека бараат поголем опсег на внимателност при носењето заклучоци.

Предвидувањата на Нострадамус се збунувачки за голем број критичари и следбеници во текот на вековите. Мишел Нострадамус е неоспорно најпознатиот пророк на светот и мистичар за кого следбениците тврдат дека ја предвидел иднината со неверојатна точност. Иако неговите записи не содржат точни временски одредници и специфичности, неговите приврзаници веруваат дека неговите бројни пророштва допрва треба да се остварат.

 

Текстот Трамп ќе доживее атентат, британски психолог се повикува на Нострадамус е превземен од Reporter.mk.