Трамп не ковал заговор со Русија

Главниот обвинител на САД Вилијам Бар, потврдил дека немало никаков заговор направен од страна на Американскиот претседател Доналд Трамп и неговите приврзаници со руските власти, во време на претседателските избори во 2016 година во САД.

Бар му се заблагодарил на специјалниот обвинител на САД Роберт Милер, поради тоа што успеал да ја открие природата на обидот на Русија да се вмеша во американскиот изборен процес.

 

„Руската влада се обидела да се вмеша во нашиот изборен процес, но благодарение на нашата детална истрага, сега знаеме дека руските оперативци немале никаква соработка со претседателот Трамп и оние кои ја воделе неговата кампања“, изјавил Бар.

„Главната цел на истрагата на специјалниот обвинител била да се утврди дали предизборниот тим на Трамп или кој било поврзан со него, бил дел од заговорот или направил координативни дејства со руската држава, за да се вмеша во изборите во 2016 година. Специјалниот обвинител изјави дека истрагата не утврдила дека членовите на кампањата на Трамп биле дел од заговорот или имале координативни дејства со руската држава“, изјавил Бар на конференцијата за новинари.

Исто така утврдено е дека Трамп не влијаел на Роберт Милер во текот на истрагата. По обраќањето на Баров, Трамп објавил фотографии на кои пишувало: Крај на играта. За сите хејтери и радикални левичарски демократи“.

Инаку „крај на играта“ е алузија на популарната серија „Игра на престолот“.

Доналд Трамп се обидел да влијае на истрагата

Извештајот на специјалниот советник на американското Министерство за правда Роберт Милер, открил дека претседателот на САД Доналд Трамп, се обидел да ја превземе контролата над истрагата за мешањето на Русија во претседателските избори во таа земја и да издејствува негова смена и да го спречи во истрагата.

Во извештајот од два тома, на 448 страни, објавен по двегодишната истрага, Милер навел повеќе случаи во кои Трамп им наредувал на луѓето околу него да се обидат да го замолчат, ограничат или ја спречат истрагата на руското мешање по неговото именување во мај 2017 година.

„Ваквите обиди на Трамп воглавно биле неуспешни, во најголема мера поради тоа што персоналот во претседателското опкружување, ги одбивало таквите наредби или не сакале да се покорат на неговите барања“, напишал Милер.

Во извештајот се наведува дека Трамп во 2017 година, му наредил на советникот во Белата куќа Дон Мекган, да го повика тогашниот заменик министер за правда Род Розенштајн, кој ја надгледувал истрагата и да му каже дека Милер мора да биде сменет поради конфликт на интереси. Мекган тоа го одбил.

Два дена подоцна Трамп повоторно се обидел да ја промени насоката на истрагата, упатувајќи порака до тогашниот министер за правда Џеф Сешнс, од кого побарал истрагата јавно да ја нарече „нечесна“ кон претседателот и да каже дека Милер треба да се ограничи на истражување на изборното мешање за идните избори“, Сешнс тоа не го направил.

Милер проценувал 10 случаи за можна опструкција на правдата и навел дека не може дефинитивно да одлучи дали Трамп извршил кривично дело на опструкција на правдата. Меѓу тие случаи се и отпуштањето на директорот на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми, наредбата на Трамп да го отпушти Милер и обидот да ги охрабри сведоците да не соработуваат.

Милер напишал дека истрагата утврдила бројни врски меѓу поединци кои биле поврзани со руската влада и лица поврзани со изборниот штаб на Трамп, но доказите не биде доволни за подигнување на обвинение.

Милер навел дека немало доволно докази за поврзаност на кое било официјално лице од штабот на Трамп, да биде обвинето за делување во својство на нерегистриран странски агент на Русија.

Текстот Трамп не ковал заговор со Русија е превземен од Reporter.mk.