Трамп се подготвува за војна против Кина

Амерканскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да влезе во војна со Кина, поради коронавирусот. Светот ќе влезе во неизвесност и нова опасност пишува српски Курир.

Светот повторно е пред големи предизвици, затоа што американскиот претседател, бара, официјален Пекинг да биде означен како виновник за избивање на пандемијата и сака да формира голема антивирусна коалиција, вели за српски „Курир“, Милован Јовановиќ, новинар и политички коментатор и аналитичар.

Трамп се подготвува да ѝ се одмазди на Кина, затоа што ја смета за виновник за пандемијата на коронавирусот, која само во САД, однесе повеќе од 84.000 животи и ги уништи економиите на најмоќните светски сили.

На, тоа укажуваат изјавите и на официјалните лица од Вашингтон, но и тврдењата од известувачите од Пекинг, за што „Курир.рс“, веќе има пишувано и претходно. Белата куќа го гледа растот кај Кина, како на економска и национална закана и се подготвува за економска, но можеби и вистинска војна.

Сенаторот Линдзи Грејам, близок соработник на Трамп, вчера предложи на Сенатото закон, кој на претседателот ќе му овозможи да воведе санкции на Кина, доколку не дозволи истрага за појавата на „Ковид-19“.

„Ако не беа акциите кои ги спроведе Комунистичката партија на Кина, вирусот немаше да стигне во САД. Сигурен сум дека Кина нема да се согласи на соработка со сериозен истражен тим, освен ако не ја примораме“, оценил Грејам.

Оваа најава е во согласност со упатствата на Републиканскиот сенаторски комитет, дека Кина мора да се нападне поради пандемијата“.

„Кина не е наш сојузник и не се само наш ривал. Тие се наши противници, а кинеската Комунистичка партија е нашиот непријател“, навеле сенаторите.

Новинарот и политички коментатор Милован Јовановиќ, за српски Курир вели дека светот е пред големи предизвици.

„Кризата која ја предизвика пандемијата со „Ковид-19“, ги потресе меѓународните односи. Тензиите меѓу САД и Кина, кои почнаа уште во 2016 година, дополнително ги раздрмаа. Претседателот на САД, на последниот состанок на групата Г7, побара во заедничкиот документ, да стои терминот „вухански вирус“ и Кина да биде означена како виновник за избивање на епидемијата. На претседателските избори во ноемви, централната тема ќе биде економски и здравствен одговор на епидемијата. Трамп сигурно за сè што се случи, ја обвинува Кина, која тој и неговите приврзаници, уште од минатите избори, ја гледаат како најголем проблем и закана за САД. Исто така и претседателскиот кандидат на демократите, Џозеф Бајден и неговите следбеници, виновникот за најголемата катастрофа која ѝ се случи на САД, уште од времето на Втората светска војна, го бараат во Кина“, вели тој.

Јовановиќ нагласува дека ситуацијата почнува да наликува на онаа од 2001 година, по терористичките напади, кога САД формираа голема антитерористичка коалиција против Авганистан и Ирак.

„Тогаш гневот и бесот на американската јавност го плати Садам Хусеин со својата глава. Овој пат, тоа би можело да дојде до голема антивирусна коалиција, затоа што јавноста во земјата, која е најмногу погодена, бара да се казни оној кој е најодговорен за оваа епидемија. Оваа епидемија, ја здрма и Кина и нејзината Комунистичка партија. Ова е најголемиот предизвик со кој КПК, се соочува во новата историја и најголемата криза за претседателот Си Џинпинг“, објаснува Јовановиќ.

Надворешнополитичкиот коментатор и новинар Бошко Јакшиќ, за српски Курир, вели дека две работи се клучни, кога се набљудува спорот меѓу Трамп и Си.

„Првата работа во натегањето меѓу Трамп и Џинпинг се однесува на потеклото на вирусот. Трамп и неговите соработници наведуваат дека коронавирусот потекнува од лабораторија во Кина, додека од Пекинг изнесуваат контраобвинувања дека вирусот го донеле американските војници, кои учествувале на светските воени игри во Вухан. Заедничко им е тоа што и едните и другите сметаат дека вирусот е вештачки. Но, најголемиот број на угледни светски научници, сметаат дека вирусот, целосно е со приордно потекло. Трамп има и личен мотив да ги одржи нападите на Кина. Тој се обидува да ги прикрие сопствените навреди во врска со реакцијата на Америка кон заразата. Трамп остро ги критикува Кинезите, а и самиот тој има сторено многу слични грешки“, вели тој.

Владата на Радуловиќ, военополитичкиот коментатор, истканува дека постојат два аспекти на спорот меѓу Вашингтон и Пекинг.

„Првиот е политичко-економската борба, каде не треба да се занемери фактот дека таа е во фокусот и е најгласна. Во прашање е конфликт за превласт на глобално ниво. Колку и да е конфликтот силен, не треба да се изгуби од вид, фактот дека Америка и Кина се земји насочени една кон друга. Кина има голем број американски обврзници, додка робата вредна над десетина милијарди долари, оди од САД во Кина. САД и Кина се меѓусебно зависни. Вториот аспект е воениот дел од конфликтот. Паралелно со пандемијата на вирусот, пораснале тенизиите околу вештачките острови во Јужното кинеско море. Кина одамна престана да биде само регионална сила, што покажува и нејзината воена база во Џибутиј, додека Америка, сака да ја задржи доминацијата во светски рамки“, вели тој.

 

Заторен систем – Кина ги криеле информациите како СССР

На Кина и се префрла дека долго време ги криела информациите за епидемијата, додава Бошко Јакшиќ.

„Станува збор за еден затворен систем, кој е сличен со некогашниот Советски Сојуз, каде не можете ниту да слушнете дека се срушил авион во случај на авионска несреќа. Локалните власти во провинцијата Хубеи, криеле информации од централните власти, плашејќи се дека тие ќе бидат обвинети за пропусти. Информациите се заташкувале и изгубени се клучни недели, поради што дојде до драматични последици. Кога го сватиле обемот на критиките на кои се изложени, Кинезите почнале со општата дипломатска и хуманитарна офанзива и почнаа да испраќаат помош секаде каде таа е потребна“, вели Јакшиќ.

И Кремљ против азискиот џин – И Русите се плашат од Кина

Повремено се споменува и можноста дека Русија би можела да се најде во фронтот против Кина, особено ако се има во предвид дека, по бројката на заразени со коронавирус, се наоѓаат на второто место во светот.

„Последните години сè погласни се шпекулациите дека Русија и Кина го претставуваат новио свет и иднина. Но, ситуацијата е многу поинаква. Бројни угледни публикации го истакнуваат фактот дека Русија има голем страв од Кина, затоа што се наоѓа на нејзините граници, а огромниот простор во Сибир, би можел да ги реши проблемите по прашањето на големата пренаселеност во Кина. Самите Руси, во своите дипломатски школи, учат дека тие немаат пријатели, туку набљудуваат, кој во даден момент, претставува најмала опасност за нив“, вели Владе Радуловиќ.

Што тврдат американските официјални лица

– Републиканската партија мора да ја нападне Кина поради пандемијата, да вети дека ќе се спротивстави од зависноста од Кина и ги обвини противниците дека се благи кон нив.

– Кина не е наш сојузник и не е само наш ривал, тие се наши противници, а кинеската Комунистичка партија е нашиот непријател.

– Важно е да се нагласи да не се обвинуваат Американците со кинеско потекло, туку за сè да бидат обвинети од Комунистичката партија на Кина.

– Упатството на Националниот републикански сенаторски комитет од 17. април, го објави „Политико“.

Што тврдат кинеските официјални лица

– Доналд Трамп, кого го чекаат тешки избори, сè погласно го критикува Пекинг и се заканува со нови царини. Неговата администрација подготвува одмазда против Кина, поради пандемијата.

– Негативниот однос кон Кина е најлош уште од времето од 1989 година и случувањата на плоштадот Тјенамен.

– Бранот на антикинеска реторика, со која Кина се соочува, ја предводи САД, па мораме да бидеме подготвени за најлошото сценарио, вооружен конфликт меѓу двете глобални суперсили.

– Извештајот на кинеските известувачки власти во Пекинг, од 5. мај, го објави „Ројтерс“.

Извор/Курир.рс

Текстот Трамп се подготвува за војна против Кина е превземен од Reporter.mk.