Три стелт американски авиони подготвени за напад врз Русија

Три американски стелт бомбардери од типот Б-2, кои се способни да извршат нуклеарен удар без никакво претходно предупредување, се распоредени во воздухопловната база Фелфорд во Глочестершир (Велика Британија).

Ваквата постапка светски експерти кои се занимаваат со безбедносна политика велат дека се смета за директна закана по безбедноста на Русија.

Во прашање е еден американски авион кој е способен за напад со разорни атомски бомби, а секое од овие летала, чини преку две милијарди долари. Американскиот полковник Курт Вент, кој е командант на тајната мисија во Велика Британија, потврдил за „ИТВ њуз“, дека овие летала се подготвени во секој момент да нападнат.

Бомбардерите Б-2 се невидливи за радарите и нивните мисии се воглавно се случуваат далеку од првите непријателски линии.

 

Лет до Исланд

Американскиот нуклеарен бомбардер за прв пат во историјата го посетиле Исланд, островот во Атланскиот океан недалеку од Арктикот. Авионите Б-2 кои се сместени во британската база „Ферфорд“ слетаа во воената база Кефлавик, која била затворена до 2006 година, но повторно сега е во употреба.

За време на студената војна на Исланд биле сместени 5000 американски војници. САД од 2015 година вложиле 80 милиони долари во обнова на базата Кефлавик.

„Засега нема планови за постојано присуство на американските војници на Исланд“, порачала Памела Рои, портпаролот на американските трупи во Европа.

Едно летало може да понесе дури до 20 тони нуклеарно или конвенционално вооружување.

„Ова е многу јасна и остра порака. Америка и нејзините сојузници можат кога било и било каде да дојдат до борбена моќ“, вели полковник Вент.

Британски Експрес пренесува дека американските пилоти кои се на мисијата во Велика Британија се обучени и способни да извршат напад со нуклеарно оружје. Леталата се распоредени на Островот и имаат кодни имиња.

„Смрт1“, „Смрт2“ и „Смрт3“. Тие се способни да бидат наполнети со гориво во воздух да прелетаат дури 10.000 милји, околу 16.000 километри. Одлуката на официјалните лица во Вашингтон за нуклеарни бомбардери се префрлат на островот е директен одговор на целото агресивно воено присуство во Русија и регионот на Арктикот.

Воените игри на двете суперсили лесно би можеле да излезат од контрола и да донесат нуклеарен конфликт,  пишува „Експрес, а Универзитетот Rutgers неодамна објавил студија за неговите последици.

Во оваа студија се наведува дека нуклеарната војна меѓу САД и Русија би можела да биде причина за загинување на десетина милиони луѓе, по што би следела нуклеарна зима. Оваа војна би можела да трае и до десетина години.

Сонцето би било покриено од прашината и чадот. Би дошло до пад на температурите, а оние кои би преживеале, веројатно со време би загинале од глад.

 

Текстот Три стелт американски авиони подготвени за напад врз Русија е превземен од Reporter.mk.