Уште еден новинар и дисидент е мачен и убиен во затвор во Саудиска Арабија, месец дена по убиството на Џемал Кашоги во конзулатот во Истанбул.
Турки бин Абдул Азиз ал Јасер е убиен во саботата. Групата за човекови права вели дека Владата на Саудиска Арабија верува дека тој во тајност водел налог на Твитер со корисничко име Кashkool, на кој се поставени информации за тоа како владата ги крши човековите права.
Another dissident journalist has reportedly been tortured and killed in Saudi Arabia. Turki Bin Abdul Aziz Al-Jasser is said to have been murdered in jail a month… https://t.co/SnTmJMdIRe
— Julia Charnley (@JuliaCharnley) November 7, 2018
Новинарот разоткрил шпионски прстен кој наводно водел до Сауд ал Кахтани, крупен советник на крунскиот принц Мухамед бин Салман, кој е сменет по кризата поради убиството на Кашоги.
Турските медиуми тврдат дека персоналот на саудискиот конзулат во Истанбул се обидел да ги демонтира безбедносните камери со цел да го скрие злосторството над Кашоги. Работниците се обиделе да ја уништат камерата во објектот на 2 октомври, денот кога Кашоги влегол во конзулатот и на лице место бил убиен. Исто така, се наведува дека неколку дена подоцна се занимавале со видеосистемот во стражарската куќа на полициското обезбедување, која се наоѓа надвор од комплексот.
#Saudi journalist and writer #Turki Bin Abdul Aziz Al-Jasser have reportedly been tortured to death in prison after he disclosed rights violations committed by the #Saudi authorities and royal family in his Twitter accounthttps://t.co/vmk8zTeyj2 pic.twitter.com/CS084lVa3Y
— Tasnim News Agency (@Tasnimnews_EN) November 7, 2018
Персоналот на конзулатот пристапил на полицискиот безбедносен видеосистем во 1 часот утрината на 6 октомври, пишува турскиот провладин весник „Сабан“ и наведува дека лицето кое минало низ дигиталната брава влегло во системот со цел да го блокира пристапот на снимката од пред влезот во конзулатот, вклучувајќи го и моментот кога Кашоги влегол внатре.
Но, „Ал Џезеира“ известува дека полицијата веќе ги дешифрирала кодовите и му пристапила на системот пред наводното случување. Во меѓувреме, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјавил дека тим од 15 Саудијци кои стигнале во Турција пред убиството на Кашоги дејствувале според добиени наредби.
„Одговорноста на Саудиска Арабија е да ѝ каже на Турција што точно се случило со телото на Кашоги“, изјави Чавушоглу и повтори дека Анкара смета дека наредбата за убиството не стигнала од саудискиот крал Салман.
Израелска компанија помогнала во убиството на Кашоги, тврди Сноуден
Текстот Убиен уште еден саудиски новинар е превземен од Reporter.mk.