Член од Европскиот парламент и лидер на холандската евроскептична партија „Форум за демократија“, Тиери Боде, изјавил дека Украина е потенцијален виновник за контроверзната несреќа на авионот кој летал на линијата MH17 и кој се сруши над Донбас во 2014 година, јавува телевизијата NL times.
Во текот на телевизиската дебата со холандскиот премиер Марк Руте, Боде изјавил дека извештајот на Заедничката истражна група, која се занимава со истрага за катастрофи, предизвикува сомнеж.
„Украина е исто така еден од можните виновници за тој напад“, забележал Боде.
Тој додал дека пресудата треба да ја изнесе судот, а не лица кои отворено ја обвинуваат Русија. Во јули 2014 година, во Доњецк се сруши малезискиот „боинг 777“ Малезија ерлајнс лет 17.
Сите 298 патници и членови на екипажот загинале. Властите во Киев за катастрофата ги обвинија востаниците во Донбаск, кои пак објавија дека не располагаат со средства со кои би можеле да соборат авион на толкава висина.
Авионот најверојатно е соборен со ракетен напад, а мислењето за виновниците за овој злостор во меѓународната заедница е поделен. Украина и таканаречените западни држави за одбрана на воздушниот простор, ги обвинуваат проруските бунтовници, додека Русија ги обвинува украинските сили.
Во авионот имале 298 патници, од нив тројца се новороденчиња и 80 деца. Голем дел од патниците биле од медицинската област, а меѓу нив имало и неколку водечки истражувачи на подрачјето на борбата против сидата. Авионот летал за конференција во Мелбурн.
Текстот Украина е виновна за соборениот авион МH17 над Донбас е превземен од Reporter.mk.